Бугарија ќе извезува оружје за Украина, пратениците го отфрлија ветото на Радев


  Националното собрание не го поддржа ветото на претседателот на договорот меѓу Бугарија и Украина за обезбедување на 100 оклопни транспортери на земјата нападната од Русија. Имаше огромно мнозинство за отфрлање на ветото на Радев и одобрување на договорот – 162 пратеници од ГЕРБ, „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, ДПС и Има таков народ. […]

Велика Британија ѝ платила на Руанда 230 милиони фунти за блокираниот договор за азил


 Британскиот премиер Риши Сунак денеска е под притисок да објасни зошто владата и плати на Руанда 230 милиони фунти за да прими баратели на азил кои Лондон не ги сака, а според тој договор ниту еден азилант не отишол таму. Таа сума е речиси двојно поголема од 140 милиони фунти што Обединетото Кралство претходно изјави […]

РСЕ: ЕУ ќе ги повика сите земји од Западен Балкан да воведат санкции кон Русија


На заедничкиот самит следната недела, Европската унија јасно ќе побара од земјите од Западен Балкан целосно да ја почитуваат политиката на санкции против Русија.  Во нацрт-декларацијата што треба да се усвои на крајот на самитот се наведува дека усогласувањето со политиките на ЕУ е јасен знак за стратешката ориентација на партнерите, сега повеќе од кога […]

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба


Инвестирањето во своите капацитети, како и постојаното подобрување на понудата и на услугите за потрошувачите се приоритети на „Макпетрол“ и во таа насока, компанијата неодамна целосно ја обнови и ја пушти во употреба бензинската станица во Тетово. Снабдувањето со нафтени деривати, гас и био-горива отсега граѓаните ќе го прават во станица со современ и функционален […]

Српското земјоделство оствари суфицит со светот од 1,1 милијарда евра


Според податоците на Републичкиот завод за статистика, Србија до крајот на октомври 2023 година извезла земјоделски производи во вредност од 3,8 милијарди евра, а истовремено увезла храна во вредност од 2,7 милијарди евра. Така Србија во првите десет месеци од годинава остварила суфицит во размената на земјоделско-прехранбени производи од 1,1 милијарда евра. Квантитативно гледано, извезени […]

На сметките за струја ќе има нова ставка – Пристап до мрежа: Интервју со Марко Бислимоски


  Новата цена на струјата се „крчка“, а веќе наредната недела ќе биде соопштена од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, за „Независен“ открива дека во сметките се подготвува нова ставка, Пристап до мрежа, која  ќе биде покрај постојната за мрежарина. Но, како што уверува, тоа нема да ги […]

„Дамата во црвено“ за прв пат ја раскажува својата приказна за пеколот кога нападна Хамас


  Таа стана позната како дамата во црвено и беше една од најпознатите иконски слики од масакрот на 7 октомври во Израел. Една млада жена, која трча да го спаси својот живот, со страв врежан на нејзиното лице додека безмилосните милитанти на Хамас го нападнаа фестивалот „Нова рејв“ во раните утрински часови, убивајќи најмалку 340 […]

Фајнанс тинк: Економското забавување ќе продолжи најмалку до првата половина од наредната година


Економското забавување кое е моментално на сцена ќе продолжи до крајот од 2023 и најмалку во првата половина од 2024 година, истакнува Институт за економски истражувања и политики Фајнанс тинк ( Finance Think) во Макроекономскиот монитор за третиот квартал од годинава во кој ја задржува проекцијата за раст на БДП во 2023 година на 1,7 […]

Германскиот берзански индекс на рекордно ниво. Што го крева?


Минатонеделниот показател за состојбата на германската економија открива дека, по малото закрепнување во текот на летото, трендот на намалување повторно е на пат. Повторно се спомнува злиот збор – рецесија. Веќе во средата, Федералниот завод за статистика од Визбаден објави дека обемот на нарачани работни места во индустријата паднал за цели 3,7 отсто во однос […]

Поднесена кривична пријава против возачот кој го возел Палевски до Турција


Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје вчера поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. […]

Годишната инфлација во Грција намалена на 3 отсто во ноември


На 3 отсто се намалила годишната инфлација во Грција во ноември, наспроти 3,4 проценти еден месец претходно, додека пак цените на прехранбените производи и понатаму остануваат високи, а најголемо зголемување од 31,4 отсто за една година бележи маслото, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоците од грчката служба за статистика, за една година, […]

Русковска: Колегите во Турција, за екстрадицијата, ќе имаат предвид дека убиено е и 14-годишно дете


Не мислам дека сето ова може да добие политичка конотација и не би смеело да добие, затоа што се работи за две грозоморни убиства, особено ако се има предвид дека едно од жртвите е 14-годишно дете, изјави денеска поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска во врска со убиствата […]

Ковачевски:  Најдобар начин да се оддаде почит на делото на Св. Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија


Најдобар начин да се оддаде почит на безвременското просветителско дело на патронот на македонската култура свети Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија, а тоа е направено со успехот да се издигне македонскиот јазик на рамниште со јазиците во светот, а Македонската православна црква да биде еднаква со сите канонски православни цркви, истакна премиерот […]

Владимир Путин потврди дека ќе се кандидира за претседател на Русија по петти пат


Владимир Путин ќе бара уште еден претседателски мандат во Русија во обид да го продолжи своето владеење повеќе од две децении, јавуваат руските државни медиуми. Како што беше наведено претходно, иако речиси општо се очекува тој да биде реизбран на изборите на 17 март следната година, Путин сè уште официјално не објавил дека ќе биде […]

Закани кон обвинителка од Прилеп, притвор за едно лице


Основното јавно обвинителство Прилеп покренало постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела „полово вознемирување“ од член 190-а, „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 5 и „демнење“ од член 144-а став 1 од Кривичниот законик. -Во текот на ноември, осомничениот на својот Фејсбук профил во повеќе наврати поставувал текстуални […]

Австралиските енергетски гиганти Сантос и Вудсајд размислуваат за мега спојување


Австралиските енергетски гиганти Вудсајд и Сантос се во преговори за создавање конгломерат вреден 52 милијарди долари Акциите на австралиски Сантос скокнаа на петнеделен максимум во петокот по веста дека компанијата преговара за спојување со Вудсајд енерџи Сантос и Вудсајд енерџи, двата најголеми австралиски производители на нафта и гас, започнаа разговори за потенцијално спојување во она […]

Јан Сибелиус – чуварот на финската душа


Неговата музика е навлезена во митовите и природните чуда на неговата татковина и помогна да се артикулира борбата за финска независност, но неговите седум симфонии го потврдија неговото место како еден од најоригиналните симфониски композитори по Бетовен Малку композитори доминираат со музиката на нивната земја поцелосно од Јан Сибелиус (1865-1957). Неговото појавување како композитор со […]

Копа Америка: Светскиот првак Аргентина во група со Чиле


Актуелниот светски првак Аргентина ќе игра во група со Чиле, Перу и победникот од плејофот во групата А на Копа Америка 2024, одлучи денешната жрепка во Мајами. Чиле два пати триумфираше над Аргентина во финалињата во Копа Америка – во 2015 година, 4-1 на пенали и во 2016 година, исто така на пенали 4-2. Канада […]

Приведен разбојник во скопски Аеродром


На подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, синоќа во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17:30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари. Од МВР денеска соопштија дека со Н.Н. е извршен службен разговор во полициска станица и […]

Високите каматни стапки ќе останат


Дури и со неодамнешното делумно повлекување на долгорочните реални и номинални каматни стапки, тие остануваат далеку над ултра ниските нивоа на кои се навикнаа креаторите на политиките, и веројатно ќе останат на такви нивоа дури и кога инфлацијата се повлекува. Сега е минато време да се навратиме на широко преовладуваниот став за „бесплатен ручек“ за […]