Приведен разбојник во скопски Аеродром


На подрачјето на Аеродром, во близина на основно училиште, синоќа во 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(28) од Скопје, поради тоа што околу 17:30 часот во аптека, со закана од вработената одзел пари.

Од МВР денеска соопштија дека со Н.Н. е извршен службен разговор во полициска станица и кај него биле пронајдени одземените пари кои потекнуваат од кривичното дело и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво“.