Српското земјоделство оствари суфицит со светот од 1,1 милијарда евра
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2021/07/zemjodelski-kulturi.jpg)
Според податоците на Републичкиот завод за статистика, Србија до крајот на октомври 2023 година извезла земјоделски производи во вредност од 3,8 милијарди евра, а истовремено увезла храна во вредност од 2,7 милијарди евра.
Така Србија во првите десет месеци од годинава остварила суфицит во размената на земјоделско-прехранбени производи од 1,1 милијарда евра.
Квантитативно гледано, извезени се 3,8 милијарди тони стоки, а увезени се 1,4 милијарди тони различни стоки од категоријата земјоделски и прехранбени производи.
Гледано по категории, Србија во наведениот период увезла над 3.600 тони живи животни, а извезла 15.000 тони. Од друга страна, увезени се дури 68.000 тони месо и месни производи, а од Србија на светскиот пазар се извезени 23.000 тони. Кога станува збор за житариците и производите од жита, извозот е 1,5 милиони тони, додека увозот е само 104.000 тони.
Од земјоделски производи, Србија најмногу увезува овошје и зеленчук, 467.000 тони, потоа пијалоци, 155.000 тони, а добиточна храна – 111.000 тони. Ако се гледа вредноста на извезеното земјоделско производство, најзначајни производи се зеленчукот и овошјето, чија извозна вредност е над 870 милиони евра, потоа житарките со 562 милиони евра, тутунот и тутунските производи 450 милиони евра, пијалоците 395 милиони евра, добиточна храна – 322 милиони евра, а најмал е извозот на производи од животинско потекло, масла и масти 4,12 милиони евра.
Исто така, најголема вредност на увезената стока има на страната на зеленчукот и овошјето над 526 милиони евра, потоа кафето, чајот, какаото и зачините и зачинските производи кои се увезени за 305 милиони евра, потоа разните прехранбени производи и преработките. со увоз од 253 милиони евра.