Принцот Константин од Лихтенштајн „неочекувано“ почина на 51 година


ЖЕНЕВА – Принцот Константин, најмладиот син на владејачкиот принц од Лихтенштајн Ханс-Адам Втори, ненадејно почина оваа недела, се вели во соопштението на кнежевството на 6 декември. Тој имаше 51 година.

„Кнежевската куќа со жалење објави дека принцот Константин од Лихтенштајн неочекувано почина на 5 декември 2023 година“, се вели во соопштението.

Константин беше седми во редот за тронот. Во соопштението нема причина за смртта.

Принцовите Максимилијан, Алоис и Константин, 2004

Најстариот брат на Константин, наследниот принц Алоис, е предодреден да го наследи Ханс-Адам II како владејачки принц од Лихтенштајн, мало кнежевство сместено меѓу Австрија и Швајцарија со речиси 40.000 жители, и едно од најбогатите држави во Европа.

Константин зад себе ја остава сопругата, принцезата Марија од Лихтенштајн и неговите деца принцот Мориц, принцезата Џорџина и принцот Бенедикт, се додава.

Според соопштението, тој служел и како претседател на надзорниот одбор на Лихтенштајн Групацијата, најголемата групација за приватно банкарство и управување со средства во сопственост на кралското семејство во светот. (АФП)