Во октомври годишен раст на депозитите од осум отсто, а 5,3 отсто на кредитите


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,0%, како резултат на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Годишниот пораст на кредитите, пак, е 5,3% и произлегува од зголемувањето на кредитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства, соопшти Нардоната банка. Паричната маса во октомври забележа месечен […]

Просечната нето плата во септември 37.876 денари, за 16,4 отсто поголема од лани


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 37.876 денари, и е за 16,4 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (25,8 %), Јавна […]

И вработените во Народниот правобранител незадоволни, бараат повисоки плати и подобар статус


Членовите на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ), денеска, пред Народниот правобранител одржаа мирен протест каде го искажаа својот револт од нивниот статус кој го имаат како административни службеници. Државниот советник на Народниот правобранител и претседател на синдикалната организација при НП, Марјан Поњавиќ, во изјава за медиумите […]

По 2.000 денари за пензионери со пензии до 20.122 денари во Центар


Општина Центар распишува Јавен повик за доделување еднократна финансиска поддршка наменета за пензионери со пензии до 20.122 денари, кои се жители на општината. Јавниот повик е отворен од денеска 21.11.2023 година, заклучно до 06.12.2023 година. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски појасни дека висината на еднократната финансиска поддршка изнесува вкупно 3.500.000 денари односно по 2.000 […]

Во Албанија за пет години ветингот „отстрани“ 347 судии и обвинители


Во изминатите пет години, од кога почна процесот на испитување на потекло на имот, познат како ветинг, од правосудниот систем во Албанија, заминале 347 судии и обивнители. -Независната комисија за оценка (КПК), разрешила 240, додека 107 поднеле оставки пред, на почетокот или за време на контролата на нивното богатство и професионалност. Од друга страна 308 […]

Прочистителна станица во село Орман со средства од европските ИПА фондови


Заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, во рамките на денешната работна посета на општината Ѓорче Петров, ја посетија и прочистителната станица во село Орман. – Владата инвестира во иднината и подеднакво се грижи за сите граѓани на Северна Македонија. Со европски средства, […]

Костадиновска-Стојчевска: За шест месеци ЕК ќе дојде во контрола за оправданоста на титулата ЕПК за Скопје


За шест месеци Европската комисија ќе испрати луѓе да извршат контрола на тоа што е направено за Скопје да ја оправда титулата Европска престолнина на културата 2028, а Градот уште не ги доставил документите за Универзалната сала, која Министерството ја презеде да ја доизгради, а потоа повторно да ва јрати во власение на градот. – […]

Два патни правци во Кривопаланечко ќе се изградат со грантови


 Општина Крива Паланка доби грант за изработка на проектно -техничка документација за два локални патни правца. Проектите се во вредност од околу 35.000 долари, грант од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). -Градоначалникот Сашко Митовски потпиша договор за финасирање на проектно-теничка документација за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти, два значајни патни правци во Крива […]

Тренчевска: До крајот на неделава ќе се знае како Владата ќе им помогне на сите ранливи категории граѓани


До крајот на оваа недела се очекува Владата да ги донесе мерките за сите ранливи категории граѓани. Тогаш точно ќе се знае кој се ќе биде опфатен и колку месечна ќе биде поддршката, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. Од Работната група, додаде, се веќе доставени предлози поддржани да бидат особено пензионерите […]

Спречен обид за шверц – запленети 2,7 кг сребрен накит, 33 часовници и 160 парчиња облека


Во текот на изминатиот викенд, царинарниците на три гранични премини заплениле роба во вредност од 500.000 денари, со што спречиле избегнување на плаќање царински давачки од околу 150.000 денари. Околу 2,7 килограми сребрен накит, 33 часовници, како и 160 парчиња облека со вкупна вредност од над половина милион денари се запленети од мобилни тимови на […]

Босанци ја презедоа пиварницата „Лашко унион“, отпуштени 50 работници


Кон крајот на ноември завршува лиценцираното производство на безалкохолни пијалоци од брендовите „сола“ и „зала“ на пиварницата „Лашко унион“ во Љубљана. Како резултат на тоа, 50 работници беа отпуштени, а околу 170 останаа вработени на локацијата во Љубљана од 410. Словенечкиот министер за економија Матјаж Хан го изрази своето разочарување од ваквиот развој на настаните. […]

Совршен оброк полн со протеини


Сe што ви треба се неколку состојки и неколку минути за да направите здрав оброк за вас и вашето семејство. Состојки: 100-120 гр зелена салата, 30 гр рукета, 100 гр туна, 1 домат, 1 краставица, 1-2 тврдо варени јајца, 5 лажици маслиново масло, малку оцет балсамико, сол по вкус, 4 лажици мајонез, 1 лажица сув […]

Го кријат вистинското лице: Ова е опасниот знак од Зодијакот


Припадниците на овој знак се познати по нивната голема и моќна енергија, кои повеќето ги сметаат за „изроди“. Кога станува збор за најчувствителните и најемотивните членови на хороскопот, Водолиите се на самиот врв. Сепак, тоа не значи дека се чувствителни – како што велат астролозите, оние како Близнаците имаат своја скриена, темна природа. Припадниците на […]

(Во живо) Изјава на министерката за култура Костадиновска Стојчевска и вицеремиерот Маричиќ


Заменик на Претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска ќе ја посетат Општина Ѓорче Петров каде ќе имаат свои обраќања. Изјава на Костадиновска-Стојчевска по средбата со Здружението и културно уметничко друштво.  

Џафери: Полицијата изврши увид, Крмов ќе треба да ја плати направената штета


По завршување на продолжението на 131. седница и гласањето за новиот Деловник на Собранието синоќа во пленарната сала припадници на МВР извршиле увид на направената штета во инцидентот што го предизвикаа пратениците од Левица за време на амандманската расправа.   Претседателот на Собранието Талат Џафери за МИА денеска изјави дека натаму постапката треба да ја […]

Исчистете ја пеглата за само 30 секунди – ќе биде како нова


Кога пеглате ткаенини кои се малку почувствителни на превисоки температури, се случува да се залепат на дното на пеглата Таквите наслаги потоа лесно се „залепуваат“ на следното парче што е во ред за „корекција“, оставаат траги кои понекогаш не можат да се отстранат дури ни во машината. Како да го одржувате вашето железо постојано чисто? […]

Објавена снимка од работниците затрупани при уривање тунел во изградба во Индија


Објавена е првата снимка од работниците затрупани при уривањето на тунел во изградба, долг 4,5 километри, што се случи на 12 ноември во индиската држава Утараканд. На видео снимката, обезбедена од властите, во траење од 30 секунди може да се видат 41 работник кои носат шлемови, стојат во полукруг пред камерите и комуницираат со спасувачите. […]

Пронајдено лицето од демиркаписко Дрен, кое било пријавено за исчезнато


 Машко лице, кое имало психички проблеми и избегало од неговиот дом во демиркапиското село Дрен, синоќа е пронајдено околку 21 часот во близина на селото, кај месноста „Краставец“.  Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), синоќа во 19:52 часот на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК било добиено известување за изгубено […]

„Комунална хигиена“ апелира да се внимава при фрлање отпад во контејнери


 Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје апелира граѓаните внимателно да ракуваат со садовите наменети за одлагање на отпадот, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно оперативната програма за работа. – Секое оштетување на контејнерите значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад […]

Познати сите 20 репрезентации за фудбалското ЕУРО2024


 Пред денешниот последен натпреварувачки ден во квалификациите во групната фаза познати се 20 учесници на Европското фудбалско првенство кое идната година од 14 јуни до 14 јули ќе се одржи во Германија. Пласман на ЕУРО2024 синоќа обезбедија бранителот на титулата Италија, како и Словенија и Чешка. Трите репрезентации со тоа им се приклучија на Франција, […]