Зеленски: Преживеав 5-6 обиди за атентат. Сега имаат нов план, го знам кодното име


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека веќе не брои обиди за атентат. Тој ги спореди со инфекцијата со Ковид-19. Тој рече дека најмалку пет или шест обиди за атентат биле спречени од украинските разузнавачки служби. „Првиот (атентат, оп.а.) е многу интересен, бидејќи е прв пат, а после тоа е исто како Ковид“, рече тој во […]

Време е за Black Friday шопинг лудило во Скопје Сити мол


На 24 ноември (петок) во Skopje City Mall започнува Black Friday шопинг лудилото! Како и секоја година SkopjeCityMall нека биде местото кое сите вие љубителите на шопингот сигурно нема да го одминете. Од 10:00 часот продавниците на омилениот трговски центар ќе обезбедат специјални попусти за сите купувачи во рамките на акцијата BlackFriday. Модните продавници, како […]

На подрачјето на Ресен и Битола денеска посебен сообраќаен режим


На подрачјето на Ресен и Битола денеска поради присуство на владини  делегации од државата и странство, ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување. СВР Битола ги известува граѓаните дека во времето од 8.00 до 18.00 часот ќе биде применет посебен сообраќаен […]

„Аарец“: Во Газа се распоредени 10.000 израелски војници


Израел во моментов има распоредено над 10.000 војници во Појасот Газа, каде што води војна против исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира оваа палестинска територија, пишува израелскиот весник „Аарец“, цитиран од ДПА. Израелскиот дневен весник, што се повикува на податоци на армијата, прецизира дека повеќето од овие војници се лоцирани во населбите Зејтун и Џабалија […]

Во Бразил измерена највисоката температура досега


Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја. Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа […]

Политичар во Холандија бил нападнат два дена пред изборите


Претседателот на десничарскиот холандски Форум за демократија (ФвД), Тиери Боде, бил нападнат за време на предизборни активности. Нападот се случил два дена пред парламентарните избори во таа земја, соопшти неговата партија. Боде бил удрен со пивско шише во задниот дел од главата и во слепоочницата, се наведува во соопштението. Политичарот се здобил со полесни повреди […]

Најстудено во Берово, најтопло во Дојран


Во Берово утрово е најстудено, минус три степени, а најтопло е во Дојран, шест степени.  Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус еден степен е измерен во Скопје, кај Петровец и во Демир Капија, нула степени на Попова Шапка и во Тетово, Битола, Струмица, Прилеп, Велес, а еден степен во Куманово, Штип, Кавадарци и […]

Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронашле работилница за изработка на ракети на Хамас


 Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети. -Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“.  Портпаролот додаде […]

Ужас во продавница на Волмарт во Охајо: Пукал од автоматска пушка, најмалку еден загинат и тројца повредени


Најмалку едно лице загина, а три други се повредени во пукотница во продавница на Волмарт во Биверкрик, во американската сојузна држава Охајо, јави телевизијата WHIO. Очевидци изјавија дека мажот отворил оган со автоматска пушка. Тројцата повредени се пренесени во блиската болница. Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за […]

Ал Кидрех: Евакуирани се околу 100 пациенти од индонезиската болница во Газа


Околу стотина пациенти се евакуирани синоќа од индонезиската болница во Газа, која вчераутро беше цел на израелско гранатирање, соопшти портпаролот на Министерството за здравство Ашраф ал Кидрех. Според ал Кидрех, операцијата била спроведена во координација со Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). -Има уште 500 пациенти во болницата и работиме со МКЦК на нивната евакуација […]

Аудиовизуелна промоција на книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски во ГБСК


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Под остар агол“ од Виктор Танасковски. Делото ќе биде претставено преку аудиовидео проект на авторот. Збирката „Под остар агол“ е концепирана во три циклуса, од кои првиот е составен од 11 песни на македонски јазик, вториот од уште 11 песни со искршени облици и […]

Самостојна изложба „Вечно женско“ на Татјана Миљовска


Во КСП Центар Јадро вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Вечно женско“ на Татјана Миљовска. Изложбата става акцент на патријархалната култура и религија како причини кои ја потиснуваат женската енергија, којашто пак е опишана како незаменлива во реализирањето на полнотата на чувството и креативната емоција. Во делата вечното женско се манифестира како мудрост, духовна сила, […]

Седмо издание на Медиумскиот фестивал Скопје


Во Скопје од денеска започнува да се одржува седмиот Медиумски фестивал Скопје посветен на корупцијата и улогата на медиумите во вечната антикорупциска борба. Како и секоја година, содржините и на ова фестивалско издание, кое ќе се одржува до  23 ноември, се бесплатни. Трите фестивалски дена носат дискусии, но и филмска програма почнувајќи со македонската премиера […]

Комеморација за актерот Мето Јовановски во Драмски театар-Скопје


На големата сцена на Драмски театар – Скопје денеска ќе се одржи Комеморација за актерот Мето Јовановски. Како што информираат од Драмски театар, посмртните останки на Мето Јовановски вчера беа изложени во капелата на гробиштата Бутел.  Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец Мето Јовановски почина на 16 ноември на 77-годишна возраст.  Мето Јовановски е роден […]

Дел од Карпош и Чучер Сандево без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош и Чучер Сандево, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 1:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Букурешка“, во Општина Карпош. Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе останат […]

Продолжува со работа 131. собраниска седница


 Во Собранието денеска ќе продолжи 131. седница на која треба да бидат разгледани повеќе точки, меѓу кои и Предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија. На дневен ред на оваа седница е и Предлог за огласување именување на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Предлог одлуката за изменување и дополнување […]

Столтенберг во дводневна посета на Македонија


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во  Скопје во дводневна посета на Северна Македонија, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе […]

Панел-дискусија „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!


Во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусијата „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!“. Дискусијата свечено ќе ја отвори Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија, а ќе ја модерира Војдан Јорданов, извршен директор на „Триглав осигурување“ АД Скопје и претседател […]

Променливо облачно во текот на денот, претпладне магла по одделни котлини


По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а попладне ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот, најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во југоисточните делови, ќе има повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од […]

Македонските фудбалери одиграа храбро против Англија и освоија бод


Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено, 1:1 со Англија вечерва во последното коло од Ц-групата во квалификациите за Европското првенство 2024.   „Црвено-жолтите“ поведоа преку Енис Барди во 41. минута по неуспешниот изведен пенал, но одбиената топка му се врати и тој ја смести во мрежата на гостинскиот голман Џордан Пикфорд.   Англичаните почнаа силно во […]