Панел-дискусија „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!


Во организација на Амбасадата на Република Словенија во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусијата „Улогата и позицијата на жената во бизнис светот, предности, предизвици и можности!“.

Дискусијата свечено ќе ја отвори Грегор Прескер, амбасадор на Република Словенија во Северна Македонија, а ќе ја модерира Војдан Јорданов, извршен директор на „Триглав осигурување“ АД Скопје и претседател на Друштвото на словенечки и македонски стопанственици.

Од Амбасадата најавуваат дека на дискусијата ќе се обратат: Анита Ангеловска Бежоска, гувернер на Народна банка на Република Северна Македонија, која ќе зборува за „Улогата и позицијата на жената, предности, предизвици и можности“, Дита Старова-Керими, директорка на Национална галерија за „Предизвиците на жените во областа на културата“, Александра Томиќ, главен уредник на „Блумберг Адрија дигитал“ за „Родова перспектива, вклучување на жените во типично “машки” професии“, Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор и претседател на УО „КаСис“ АД за „Улогата и статусот на деловните жени во Северна Македонија“, Мелита Гугуловска, генерален извршен директор на „Сава Осигурување“ АД Скопје
за „Улогата на жената од економска перспектива“.

Настанот, како што информираат од Амбасадата на Словенија, има за цел споделување на искуства на жените во бизнис светот и промоција на лидерските аспекти од перспектива на жената како суштински архитект на колективното и економско закрепнување, и одржлива иднина.