Ужас во продавница на Волмарт во Охајо: Пукал од автоматска пушка, најмалку еден загинат и тројца повредени


Најмалку едно лице загина, а три други се повредени во пукотница во продавница на Волмарт во Биверкрик, во американската сојузна држава Охајо, јави телевизијата WHIO.

Очевидци изјавија дека мажот отворил оган со автоматска пушка. Тројцата повредени се пренесени во блиската болница.

Полицијата во Биверкрик соопшти дека одговорила на пукањето и дека повеќе нема закана за безбедноста. Биверкрик е град со околу 46.000 жители сместен источно од Дејтон.