Совршен оброк полн со протеини

Сe што ви треба се неколку состојки и неколку минути за да направите здрав оброк за вас и вашето семејство.
Состојки: 100-120 гр зелена салата, 30 гр рукета, 100 гр туна, 1 домат, 1 краставица, 1-2 тврдо варени јајца, 5 лажици маслиново масло, малку оцет балсамико, сол по вкус, 4 лажици мајонез, 1 лажица сув магдонос, 3 лажици сок од лимон.
Подготовка: Измијте ги и исцедете ги листовите салата и руколата. Доматот и краставицата исчистете ги и исечете ги и измешајте ги со салатата, зачинете со сол, маслиново масло и оцет.
Ставете ги во сад за салата и одозгора намачкајте ја туната добро исцедена од масло од конзервата. Наредете ги кришките јајца.
Измешајте мајонез со магдонос и сок од лимон и прелијте ја со салатата.
Уживајте во освежителна и хранлива салата!