Вилма Русковска разрешена – веќе не е јавен обвинител


  Поранешната шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, ја заврши својата кариера во обвинителството откако денеска беше разрешена. Советот на јавни обвинители денеска едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката. Против неа и уште две нејзини колешки беше поведена дисциплинска постапка поради претресот […]

Цената на струјата нема да се зголеми, крајниот збор пак ќе го има РКЕ, уверува Бектеши


  Цената на струјата нема да се зголеми и по Нова година, уверува министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска изјави дека во пресметките најважен елемент е она што ќе го презентира компанијата во државна сопственост Електростопанство на Северна Македонија (ЕСМ), но и одлуката на Владата на затворена седница. Во однос на дилемата кој ќе […]

Извлечени двојките за плејофот за ЕП 2024


Нион – Во Нион денес беа извлечени паровите за плејофот за пласман на Европското фудбалско првенство 2024. Ждрепката одлучи Велс да игра со Финска, Израел да се соочи со Исланд, а Босна и Херцеговина со Украина. Сите плејоф двојки за ЕП 2024: Лига А: Полска – Естонија, Велс – Финска. Победникот од вториот пар ќе игра […]

Почна да се ѕида коритото на река Серава во Општина Бутел


Работите кои изгледаа невозможно, стануваат чиста реалност, велат од Општина Бутел. Коритото на река Серава е претворено во градилиште, со забрзан интензитет почна да се ѕида коритото. По првичните изгледи станува збор за убава градба која ќе го промени ликот на овој дел од општината. Рокот за изведба на овој мега проект е две години, […]

Против Воислав Шешељ е поднесено ново хашко обвинение


Против Воислав Шешељ е покренато ново обвинение, потврди неговиот син за српските медиуми. Прашање е дали Србија ќе го екстрадира. Меѓународниот суд во Хаг, наследникот на Хашкиот трибунал, поднесе обвинение против лидерот на српските радикали Воислав Шешељ и четворица други партиски функционери – Миљан Дамјановиќ, Љиљана и Огњен Михајловиќ и Мирољуб Игњатовиќ. Заменик претседателот на […]

За музејот во Сопот поднесена кривична пријава


 Општина Куманово поднела кривична пријава против организирана група непознати лица поради основано сомневање за сторено кривично дело „Узурпација на недвижности“ и кривично дело „Бесправно градење“ на локација во село Сопот – Куманово. – Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на […]

Работници на „Еуроникел“ го блокираа патот Кавадарци – Возарци, бараат спас за фабриката


Кон мирен протест со блокада на патот Кавадарци – Дреново пред фабриката, пристапија денеска во 12 часот, вработени во компанијата „Еуроникел индустри“. Претседателот на Синдикатот Миле Ѓорѓиев  рече дека на ваков чекор се одлучиле поради лошата состојба во која се наоѓаат околу 800 работници. – Сакаме Владата и банката доверител да го слушнат нашиот глас. […]

Париз не е подготвен за 15 милиони луѓе на Олимпијадата


Градоначалничката на Париз, Ан Идалго процени дека јавниот превоз во француската престолнина нема да може да ги задоволи потребите за време на Олимписките игри во 2024 година, наведувајќи го недоволниот број и фреквенција на возови на одредени места. Градоначалничката на Париз во емисијата Quotidien на каналот TMC изјави дека градот нема да биде подготвен во […]

Финска ги затвора сите гранични премини кон Русија, освен еден на Арктикот


  Финска ќе ги затвори сите, освен најсеверниот премин на својата граница со Русија од полноќ во петок, во обид да го запре протокот на баратели на азил во нордиската нација, рече премиерот Петери Орпо во средата. Од почетокот на месецот, повеќе од 600 луѓе без валидни патни документи за Европската унија дојдоа во Финска […]

За овие „голи“ кралски нозе зборува цел свет


Лондон – За дочекот на јужнокорејската двојка во Бакимгенската палата, Кејт Мидлтон облече елегантен црвен капут, црвени салонки со високи потпетици и раскошна црвена шапка. Но кога излегувала од автомобилот, капутот се отворил и голите нозе на војвотката заблескале во полн сјај. Од тој момент, сè застанало. Британските медиуми гордо го пренесуваат режимот на исхрана и […]

Проблемот со загадувањето не се решава во година, две – се преземаат сите мерки


Зимата наближува, а греењето е дополнителен проблем кој придонесува воздухот, особено во поголемите градови да биде загаден. Вчера беше објавено дека Скопје е седми загаден град во светот, но министерката за животна средина Каја Шукова вели дека преземаат мерки за намалување на загадувањето.  – Постојано преземаме мерки (за аерозагадувањето) во рамките на оние надлежности коишто […]

Испарувањата од пожарот во Тетово се органски, а никој во државава не мери такви материи


По големиот пожар во тетовската фабрика за бои и лакови, не се знае какви и колкави се загадувањата во воздухот, затоа што станува збор за органски материи, а во државава нема акредитирана метода за нивно мерење. Се мерат само испарувања од неоргански материи. „Во државата нема акредитирана метода којашто мери органски испарувања“, рече министерката за […]

Овие хороскопски знаци се со неверојатна харизма


Иако секој сончев знак има своја сила и моќ, постојат одредени хороскопски знаци кои имаат вроден магнетизам и дух, шарм и личност на која тешко може да се одолее. Според листата на „Тајмс оф Индија“, ова се трите најмоќни знаци на Зодијакот. Лав Во зодијачкиот универзум тој е неприкосновен крал кога станува збор за неговото […]

(Видео) Ве мачи паралелното паркирање? Погледнете го видеото кое ќе ви ги отвори очите


Дури и за многу искусни возачи, паралелното паркирање е проблем, а на интернет можете да најдете бројни совети како да го решите овој проблем. На каналот на YouTube Conduite Facile, тие се справија со оваа задача и го советуваат следново. Треба да застанете до еден од автомобилите така што вашиот ретровизор е во линија со […]

Денков не прифаќа дека Бугарија е виновна за блокадата на Македонија


  Бугарија доби поддршка од европартениците да велез во Шенген зоната, но во исто време ја критикуваа поради нејзиното вето на преговорите на Македонија со ЕУ. То се случи за време на дебатат по обраќањето на премиерот Николај Денков во Европскиот парламент во Стразбур. Демнков прво беше критикуван од европратеникот Ангел Џамбаски, кој доаѓа од […]

Џек Ма се откажа од плановите да ги продаде акциите на „Алибаба“ по падот на нивната цена


  Џек Ма ги одложи плановите за продажба на акциите на „Алибаба“ во вредност од стотици милиони долари, откако акциите на кинескиот технолошки гигант паднаа минатата недела. Две регулаторни поднесоци од минатиот четврток открија дека Ма сакал да ослободи 10 милиони акции, во вредност од речиси 871 милион долари. Но, бидејќи цената на акциите на […]

Победата на Герт Вилдерс во Холандија ја смрзна Европа


  Познат по својата препознатлива платинесто-руса фризура и неговата агресивна антиисламска и антиимиграциска реторика, Герт Вилдерс е катапултиран на изборите во Холандија на местото каде што најмногу сака да биде: во центарот на вниманието. Во политичкиот земјотрес, Партијата на слободата (ПВВ) на Вилдерс освои најмногу гласови на парламентарните избори во земјата, 23,5 отсто по речиси […]

Пријава против маж од Зајас кој организирал борби со кучиња


Во текот на октомври 2023 година, полицијата извршила разговор со Б.А.(45) од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња во атарот на кичевското село Букојчани. Од СВР Охрид информираат дека е известен надлежен јавен обвинител и против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава. Инаку, во СВР Охрид, како што соопштија од таму, […]