Турски „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во фабрика за системи за греење за бела техника во ТИРЗ Скопје


Турската компанија „Шахтерм“ ќе инвестира 70 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Скопје. Одлуката за инвестиција е постигната на средбата во Бурса, Република Турција на директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата Фарук Шахин. -Со денешната одлука, „Шахтерм“ станува нов член на семејството на ТИРЗ. Разговорите, посебно оваа […]

ИДФ соопшти дека погодила 300 цели во Појасот Газа


Израелската војска соопшти дека во изминатите 24 часа гаѓала околу 300 цели на Хамас во Појасот Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека извршиле напади „од воздух, врз оперативни штабови, подземни борбени тунели, магацини за оружје и муниција, локации за производство на експлозиви и позиции за лансирање против тенкови“. ИДФ соопшти дека била нападната областа […]

ФИФА го продолжи договорот со Катар Ервејз


Цирих – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го продолжи денеска договорот со Катар Ервејз до 2030 година, со што оваа компанија ќе биде главен авио-превозник за Мундијалот 2026 во САД, Канада и Мексико. Финансиските детали не се објавени, но се претпоставува дека договорот е вреден неколку стотици милиони долари. Катар Ервејз во последниот комерцијален циклус на Светското […]

Европскиот парламент предложи укинување на ветото при носење одлуки во ЕУ, голем број претставници се против


Европскиот парламент го претстави предлогот за реформа на Договорот за Европската унија, кој предвидува усвојување на одлуки со квалификувано мнозинство во Европскиот совет и измени на правилата за состав на Европската комисија. Во пракса тоа би значело укинување на опцијата вето што може да ја користат сите 27 членки на ЕУ. Предлогот беше привремено претставен […]

Џејми Фокс е обвинет за сексуален напад на жена за време на средба во 2015 година


Според судските документи, актерот и пејач Џејми Фокс е обвинет за сексуален напад на жена за време на средба во 2015 година. Обвинението следи по бројните тужби во кои се обвинуваат моќни мажи во забавната индустрија за сексуално и физичко малтретирање жени – вклучително и брзо решена тужба поднесена од пејачката Кеси во која се […]

„Чуварите на формулата“ на Бјелогрлиќ од денес во кино „Милениум“


На кино репертоарот во кино Милениум од денес, 23 ноември (четврток) започнува со прикажување мега популарниот филм „Чуварите на формулата” на Драган Бјелогрлиќ со проекции од 20.30 часот. Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. […]

Неколку дена пред отпуштањето на Алтман, шефовите биле предупредени за „откритие што му се заканува на човештвото“


Ројтерс ексклузивно објави утринава дека одборот на директори на OpenAI добил многу сериозно предупредување неколку дена пред разрешувањето на извршниот директор Сем Алтман. Да потсетиме, шефот на менаџментот на OpenAI, клучната компанија за развој на вештачка интелигенција зад ChatGPT, ненадејно беше разрешен на четири дена, а вчера беше објавено дека се враќа на истата функција. […]

Се уште гори магацинот со бои и лакови во тетовско Фалише


Се уште е активен пожарот во магацинот со бои и лакови и друг вид хемикалии  кај тетовско Фалише. Иако со значително намален обем се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење, информираа изутринава од Центарот за управување со кризи. Според ЦУК, тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ  […]

Израелски пораки до Хезболах: Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан


Израелскиот министер и член на воениот кабинет Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут. – Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат, рече Ганц на […]

Катар: Наскоро ќе биде објавено времето на прекин на огнот


Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи изјави дека разговорите за заложниците со посредство на Доха „напредуваат“ и оти точното време за почеток на примирјето ќе биде објавено во наредните часови. Катар, Израел и Хамас вчера одделно најавија дека договорот ќе стапи во сила во 10 часот утринава, но Израел подоцна објави дека имплементацијата нема […]

ОН: Минатата година намерно биле убиени 89.000 жени што е најголем број во последните 20 години


Бројот на убиени жени и девојки во светот во 2022 година се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, соопштија Обединетите нации. Околу 89.000 жени и девојчиња биле намерно убиени минатата година, објави телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women) и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (UNODC). […]

Без струја дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без струја во определен временски период ќе останат дел од корисниците во општините Студеничани, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Центар. Без електрична енергија во периодот од 10.00 до 12.00 часот, ќе останат корисниците од Цветово, Преслап Китка, Варвара, Караџица, Палиград, Долно Количани, Солунска Глава, Дрисла, Алдинци, Дом Китка, […]

„Вдахновение“ – роденденски концерт на Македонската филхармонија


Македонската филхармонија вечер ќе го одржи својот роденденски концерт „Вдахновение“. Концертот ќе биде под диригентство на Конрад ван Алфен (Холандија), а како солисти ќе настапат врвните инструменталисти Даниел Роланд – виолина (Англија/Холандија) и Маја Богдановиќ – виолончело (Србија). На програмата се Концерт за виолина и виолончело во а-мол, оп. 102 од Јоханес Брамс и Симфонијата […]

Рации во Германија поради поврзаност со Хамас


Германските безбедносни сили претресоа неколку имоти во Берлин, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн во врска со забраната за терористичката организација Хамас и меѓународната мрежа Самидун во Германија. Како што јави ДПА, сојузното Министерство за внатрешни работи соопшти за рациите рано утрово. Германското МВР на почетокот на месецов ги забрани активностите на двете организации.

„Ацо Шопов – Невообичаено“ во Кинотека


 Во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечер во Кинотека ќе се одржи настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“. На настанот, како што е најавено, ќе бидат претставени непознати страници од животот и творештвото на македонскиот класик Ацо Шопов. Ќе бидат промвирани три книги: „Од онаа страна на Небиднината – Разговори со Светлана Шопова за […]

Самит за женско претприемништво во Скопје


 Во Скопје денеска и утре ќе се одржува третиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво чија тема е „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“. Пред присутните на настанот што почнува утрово, ќе се обрати министерот за економија Крешник Бектеши. 

Ослободување на заложниците од Газа во Израел нема да биде пред петок


Ослободувањето на првите заложници од Појасот Газа во Израел нема да се случи пред петок, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски медиуми. Израелскиот советник за безбедност Цачи Ханегби изјави дека ослободувањето на заложниците нема да почне пред петок, јавија израелскиот весник Хаарец и каналот Н12. Претходно се очекуваше првата размена да се случи денеска. – […]

Шукова, Бектеши и Меџити за очекувањата и позициите на Конференцијата за климатските промени во Дубаи


Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со својот долгогодишен партнер УНДП, денеска ќе ги презентираат очекувањата и позициите на државата за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември ќе се одржува во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати. Како што […]

Претседателот на Собранието Џафери на Третиот самит на дијаспората во Тирана


Претседателот на Собранието Талат Џафери по покана на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, денеска ќе учествува на Третиот самит на дијаспората, што ќе се одржи во Тирана. Џафери, како што е најавено, ќе се обрати пред присутните на Пленарната сесија, а на Самитот ќе учествуваат државници и политички лидери од државава, Албанија, Косово, како […]

ЕБОР ќе презентира наоди од програмата „Млади во бизнис“


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска во Скопје ќе одржи настан на кој ќе бидат презентирани наодите за процена на пазарот кај нас за програмата „Млади во бизнис“. На настанот ќе се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, а се очекува присуство на амбасадорите на Италија и Шведска во земјава, Андреа […]