Шукова, Бектеши и Меџити за очекувањата и позициите на Конференцијата за климатските промени во Дубаи


Фото: Б. Грданоски

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со својот долгогодишен партнер УНДП, денеска ќе ги презентираат очекувањата и позициите на државата за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, што од 30 ноември до 12 декември ќе се одржува во Дубаи, во Обединетите Арапски Емирати.

Како што најавија од Министерството за животна средина, на настанот ќе се обратат министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за здравство Фатмир Меџити, како членови на државната делегација и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации Армен Григоријан.