ЕБОР ќе презентира наоди од програмата „Млади во бизнис“


И во извештаајот на ЕБОР се предвидува дека падот на БДП во Македонија, покрај Србија, ќе биде најмал споредено со падот што ќе го забележат другите земји во регионот на Западен Балкан и пошироко во Европа

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) денеска во Скопје ќе одржи настан на кој ќе бидат презентирани наодите за процена на пазарот кај нас за програмата „Млади во бизнис“.

На настанот ќе се обрати претставникот на ЕБОР во државата, Фатих Туркменоглу, а се очекува присуство на амбасадорите на Италија и Шведска во земјава, Андреа Силвестри и Ами Ларсон Јаим, како и на Ана Митреска, вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија.

Предвидено е потпишување договор со Прокредит банка за финансирање проекти во рамките на програмата „Млади во бизнис“.

Оваа програма за Западен Балкан, ЕБОР ја почна во 2021 година, со поддршка од земјите донатори – Шведска, Италија и Луксембург.