Денков не прифаќа дека Бугарија е виновна за блокадата на Македонија


Николај Денков за време на обраќањето во Европскиот парламент

 

Бугарија доби поддршка од европартениците да велез во Шенген зоната, но во исто време ја критикуваа поради нејзиното вето на преговорите на Македонија со ЕУ. То се случи за време на дебатат по обраќањето на премиерот Николај Денков во Европскиот парламент во Стразбур.

Демнков прво беше критикуван од европратеникот Ангел Џамбаски, кој доаѓа од редовите на бугарското ВМРО. Тој потоа се сврте кон претседавачот на либералната групација во ЕП Обнова на Европа, Рајнхард Бутикофер, забележувајќи му дека „не споменал ниту еден збор за репресијата, насилството, и негирањето на правото на самоопределување против Бугарите во Македонија. Во вашата групација има луѓе кои се преправаат дека не го гледаат насилството против Бугарите во Македонија. Објаснете им го“, порача Џамбаски.

Потоа, пратеникот на Зелените од Германија, Рајнхард Бутикофер му порача на Денков дека во обраќањето „ниту еднаш не го споменал името Северна Македонија, земја чиј влез во ЕУ досега беше блокиран од Бугарија“

„Може ли некој да ги спори искрените европски аспирации на Северна Македонија, која дури си го смени и името за да ги отвори вратите на Европа? По говорот на омраза од г. Џамбаски, би сакал да ве прашам г. премиер што ќе сторите за да ја отворите вратата за Северна Македонија?“, го праша Бутикофер бугарскиот премиер Денков. 

Бугарскиот премиер Денков наведе дека неговата земја е првата што ја признала независноста на Северна Македонија, но и дека нема други барања освен она што беше договорено минатата година со ткн. француски предлог.
„За жал, низ годините нашите односи се влошија, и не мислам дека Бугарија е виновна за тоа. Затоа, сакам јасно да кажам дека во моментов Бугарија нема никакви други барања кон Северна Македонија, освен оние наведени во одлуката на ЕУ од минатата година. Денес нема односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, има односи меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тие мора да се исполнат од Северна Македонија за да се отвори преговарачкиот процес. И од тој аспект, не прифаќам никаква критика за нашата земја“, рече Денков.