Нападнати повеќе украински градови


 Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави дека „салва“ проектили ја погодиле неговата земја откако Русија се закани со брза одмазда за нападите врз бродовите во Црно Море. Тој упати апел до западните земји да ја вооружат Украина со воени авиони Ф-16, за да може да се „затвори небото“. Претходно, украинската армија објави дека руското […]

Истражување открива: Гените се виновни за тоа дали сакаме да јадеме пржена, мрсна или слатка храна


Ако сакате да јадете банана или да пиете чаша црвено вино, тоа може да има врска со вашите гени повеќе отколку што мислите. Веќе знаеме дека нашите преференции за храна се вкоренети во нашата култура. На пример, едно истражување покажа дека културните разлики влијаат на тоа колку луѓето уживаат во изгледот, мирисот, вкусот и текстурата […]

Пожар меѓу Франција и Шпанија, евакуирани 135 лица


Пожарот што избувна во петокот вечерта во туристичкиот град Портбоу, во близина на границата со Франција, денеска напладне се прошири на речиси 600 хектари. Каталонските и француските пожарникари се обидуваат да го стават под контрола пожарот, бидејќи силните ветрови го разгоруваат огнот и им отежнуваат на водените бомбардери да интервенираат, пишува Фигаро. Според прелиминарните податоци […]

Десетици странски иселеници се дружат на неделни средби во Скопје


Секоја недела попладне, десетици луѓе – странци и локални жители се собираат на едно место во Скопје. Во локал во центарот на Скопје на неделно ниво тие запознаваат луѓе, се дружат, комуницираат, и развиваат пријателства, пишува Skopje.IN . Сѐ ова е дел од концептот на настанот “Expats meet up” кој повеќе од една година се […]

„Србија против насилството“ во Белград со блокада на мостот Газела по 14 пат


Во Белград се одржа четиринаесеттиот протест „Србија против насилството“, со блокада на центарот на Белград и на автопатот на мостот Газела, јави дописникот на МИА од Белград. Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на сообраќајот по централните белградски улици и покрај силниот дожд се шетаа до автопатот […]

Објавено црвено предупредување во Португалија: Беснеат пожари


 Повеќе од 1.100 пожарникари и 14 Канаѓани се борат со шумски пожар во областа Кастело Бранко, во централна Португалија. Властите превентивно евакуирале околу 100 селани, а засега нема пријавени жртви или оштетувања на куќи поради пожарот. Португалската национална метеоролошка агенција прогнозираше температура до 40 Целзиусови во недела во областа Кастело Бранко. Црвено предупредување беше издадено […]

Саудиска Арабија собра советници од 30 земји во светот, се разговара за мир во Украина


Во градот Џеда денеска почнаа дводневните разговори меѓу советниците за национална безбедност од 30 земји, а главна тема на средбата требаше да биде постигнување мировен договор за Украина. Функционерите во Саудиска Арабија ги пречека престолонаследникот Бин Салман, а како што беше претходно нагласено, на оваа средба нема да присуствуваат руски претставници. Иако нема да присуствува […]

„Вагнер“ ги помага пучистите во Нигер


 Припадници на руската платеничка група „Вагнер“ веќе се на терен во Нигер и ги инструираат припадниците на вооружените сили, објави „ЛСи Африка“. Според „ЛСи Африка“ инструктори од групата „Вагнер“ пристигнале во главниот град Ниамеј од Мали, за да ги обучуваат пучистите. Претходно, беше објавено дека воената хунта во Нигер, која го собори демократски избраниот претседател, […]

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе


Хеликоптерската единица за полициски намени денеска дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот што настана околу 11:30 часот, информираат од МВР. -Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода. Пожарот е целосно  локализиран, се наведува во соопштението. Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола Воспоставена […]

На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека околу еден час


На граничниот премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Невреме со град во Белград – искршени прозорци, турнати дрвја


Силно невреме пристигна и во Србија. Први на удар беа делови од Западна Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека денеска во Србија ќе има значителна промена на времето, а во вториот дел од денот ќе има и невреме пропратено со обилни врнежи од дожд, град и ветер. Црвен метеоаларм е вклучен во пет региони […]

Приведен 51-годишник од Камењане, држел затворена 36-годишна жена од Данска


Еден 51-годишник е приведен по вчерашната потрага по пријава за противправно лишување од слобода на 36 годишна жена, информира денеска СВР Тетово.  Вчера, петок – 4 август околу 20 часот и 30 минути во тетовското село Палатица,  полициски службеници од ОВР Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против […]

Невреме во Скопје: Општините на располагање за интервенции


Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина. Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје. Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето. Засега кај надлежните нема пријавено штети иако штети има и допрва ќе се утврдува колку. Општинските служби преку социјалните мрежи информираа дека активно работат за санирање […]

Независен синдикат на полицијата бара исплата на парите за прекувремена работа


Независниот синдикат на полицијата бара МВР да исплаќа надомест за прекувремената работа, а исто така обвинува дека се вршат прераспределување без да се внимава на постапката.За зголемувањето на платите, велат дека е недоволно.  –Во МВР има вработено околу 11.500 вработени, а во последните пет години од страна на вработените против Министерството се покренати преку 16.000 […]

Новинарката Дуковска го нападна Гоце Делчев – претседателот на НСП


Денеска дошло до инцидент на пресот на Независниот синдикат на полицијата, при што претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев Тодев бил нападнат од новинарката Александар Дуковска. Како што може да се забележи од објавите на социјалните мрежи, Дуковска го напаѓа и удира Делчев, кој бега и се трга од неа, без да сака да ѝ возврати. […]

ЦУК: Активни се девет пожари


На територијата на државава денеска до 15:50 часот регистрирани се 14 пожари на отворено, од кои активни се девет, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  – Активни се пожарите во општина Прилеп на улицата „Борка Стеваноски“ каде гори  ниска вегетација, во прилепското село Канатларци гори ниска вегетација, во општина Гази Баба, село Страчинци […]

Најавеното невреме почна од Охрид, Ресен и оди кон Кичево


Најавеното невреме од запад, навлезе на територија на Македонија. Како што веќе најавивме, ќе бидат зафатени западните и север-западните делови од Македонија. Во овие моменти јужно од Кичево нестабилност проследена со пороен дожд. „Јужно од Кичево нестабилност со можна појава на поројни врнежи од дожд и појава на град ,правец на движење е кон Кичево“, […]

Четврта жртва на невремето во Словенија: Тело на маж пронајдено на брегот на Сава


 Безживотно тело на маж е пронајдено денеска на неколку стотини метри од куќата во која живеел на брегот на Сава во Томачево, недалеку од Љубљана. Според првичните информации, се претпоставува дека мажот загинал во поплавата, јавија локалните медиуми. Полицијата изврши увид и продолжува со собирање информации за сите околности на несреќата, јавува РТВ Словенија. Словенечките […]

Во делови на Велика Британија издадено предупредување за опасност по живот поради бурата Ентони


Британските власти издадоа предупредување за опасност по живот од бурата Ентони, што е придружена со силен дожд и силен ветер и напредува над делови од Обединетото Кралство. Во сила е портокалова тревога во југозападна Англија и Велс до 19 часот (18 часот по средноевропско време). Во меѓувреме, денеска до 20 часот е издадено жолто предупредување […]

Пожари кај Дојран, Сопотница и Свети Николе


Три пожари се активни во моментов на територија на Македонија, а некои се гасат со хеликоптери. Пожар во близина на Дојран кон Николиќ Голем пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење. Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер […]