Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе


Хеликоптерската единица за полициски намени денеска дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот што настана околу 11:30 часот, информираат од МВР.

-Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода. Пожарот е целосно  локализиран, се наведува во соопштението.

Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола
Воспоставена е делумна контрола врз пожарот кај Дојран, пред селото Николиќ.

Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола

Одделот за воздухопловни единици при МВР денеска дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој  настана околу 12  часот, информираат од МВР.

Притоа хеликоптерот на МВР (Мi171) во 20 налети прецизно фрли над 50 тони вода врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари пожарот е локализиран. 

Воспоставена е делумна контрола врз пожарот кај Дојран, пред селото Николиќ.

Ова го објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, кој посочи дека во Дојран храбрите и пожртвувани пилоти на големиот полициски хеликоптер досега извршиле повеќе од 9 налети прецизно фрлајќи ја водата врз најкритичните точки и со подршка на локалните пожарникари воспоставиле делумна контрола врз пожарот и ги изгаснале најкритичните точки и краци.

Додава дека заради силниот ветар и очекуваното невреме на авионот „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Контролата на летање не му било дозволено да полета кон Дојран.

Пожарот кај Дојран го гаснат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Инаку, според последните информации од жители на селото Николиќ, ветрот се смирил и не го потпомага ширењето на пожарот. рт/дма/