Франција сака да се стави крај на евтините авио билети


Францускиот министер за транспорт ќе предложи ЕУ да донесе минимална цена за летовите за да ги намали емисиите на јаглерод. Клеман Бон вели дека сака „да се бори против социјалното и еколошко расфрлање“ и дека „авионските билети  од 10 евра повеќе не се можни“, мислејќи на евтините авио билети. Тој рече дека мега ниската цена […]

Британски диригент удри шлаканица на пејач: „Признавам, долго време ми треба стручна помош“


Британскиот диригент Џон Елиот Гардинер, најпознат по своите изведби на барокни композитори, изјави дека оваа година се повлекува од сите ангажмани и дека ќе побара психолошка помош откако на крајот на август удрил шлаканица на пејач на сцената. 80-годишниот угледен диригент е мета на критики откако британските медиуми тврдеа дека му удрил шлаканица на пејачот […]

Унгарија се заканува со блокада на Украина во ЕУ ако не даде права на нејзиното малцинство


Унгарија ги „отфрла самите разговори“ за европско финансирање за понатамошно вооружување на Украина додека Киев не ги врати правата на унгарското малцинство во Украина и не ја отстрани унгарската банка ОТП од листата на меѓународни спонзори на војната, изјави унгарскиот министер за надворешни работи. Воената дебата повторно покажа дека треба повеќе да зборуваме за мир […]

Мишел: ЕУ мора да си постави цел за идното проширување за да биде подготвена


Европската унија мора да си постави временска рамка за новото проширување, бидејќи ако не биде поставена таа цел, ЕУ нема никогаш да биде подготвена за прием на нови членки, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. – На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако […]

(Фото) „Џејмс Веб“ направи неверојатна фотографија од галаксијата Вител


Галаксијата Вител, позната и како M51, е еден од најпознатите објекти на ноќното небо. Доволно е блиску до нас и има истакната форма, а астрономите аматери со децении ги прават и споделуваат нејзините прекрасни фотографии. Но, никој досега не ја фотографирал толку детално како вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ (JWST). Галаксијата го добила своето име по […]

Познат руски научник почина од труење со печурки


Врвен руски научник и професор на Роскосмос, кој претходно им помагал на странските колеги во НАСА, починал од труење по двонеделно боледување, соопштено е денеска.Професорот Виталиј Мелников (77), кој го предводеше Одделот за ракетни и вселенски системи во РСЦ Енергија, водечки производител на вселенски летала во Москва, се бореше со ненадејна и сериозна болест.Изворот на […]

Новинар на Сител нападнат од советничката за односи со јавност на Данела Арсовска


Новаинарот на Сител, Мартин Арсов, тврди дека денеска додека во живо известувал од седницата на Град Скопје бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје, која на оваа функција е од април, годинава. „Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да слушне дали ќе […]

Американската војска сака да создаде армија од роботи, а целта е да испрати порака


Војската на САД има нова иницијатива која има за цел да создаде достапни и разновидни роботски системи во повеќе домени, менувајќи го пејзажот на конфликтот и стратешката одбрана. Американската војска ги откри своите планови за производство на илјадници автономни системи за оружје во следните две години како одговор на зголеменото влијание на Кина. Заменик-секретарот за […]

Земјоделци се жалат цените на тракторите во вис – дистрибутерите во инфлација не можат да гарантираат цени


Анета Блажевска Индивидуални земјоделци кои добија решенија за набавка на трактори од Програмата за рурален  развој за 2022 година се жалат дека цените на тракторите отишле во вис и дека на грбот на земјоделците некој се обидува да ќари.  Дистрибутерите на земјоделска механизација ги отфрлаат обвинувањата и велат дека поскапувањето на тракторите е незначително и […]

Албанија вторпат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН


Тирана– Албанија од утре го започнува своето второ претседавање со Советот за безбедност на ОН, изјави албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка. Таа оцени дека Албанија ја презема оваа важна задача во многу тежок момент на глобалната арена и нагласува дека нејзината земја веќе го има потребното искуство за успешно реализирање на […]

Група производители и трговци на мало се согласија на пониски цени во Франција


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер рече дека постигнал договор со група трговци на мало и производители на храна за ограничување на цените, издвојувајќи ги „Unilever“, „Nestle“ и „PepsiCo“ меѓу оние кои не ја прифатиле иницијативата. -Компаниите ветија дека ќе ги замрзнат или намалат цените на пет илјади производи, рече Ле Мер по дводневните […]

Битиќи оствари средба со делегација на ММФ која престојува во Скопје


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предводена од Фриц Башмаир, која оствари средби со повеќе институции кои имаат надлежност во доменот на буџетските расходи. Како што соопшти владината прес-служба, целта на посетата е да слушне од прва рака за состојбата […]

Најмалку 41 холандски пратеник имаат обезбедување поради закани


 Најмалку 41 член на холандскиот Долен дом имаат обезбедување поради онлајн или физички закани упатени кон нив. Тоа е повеќе од една четвртина од 150-те членови на Парламентот. Податоците се засновани на истражување спроведено откако Сигрид Каг и неколку други политичари изјавија дека барем делумно ќе ја напуштат политиката поради заканите упатени кон нив. – […]

Арсовска на увид на реконструкција на водоводната мрежа во Бојане


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане во општина Сарај.   Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил […]

Соларната енергија ќе стане поатрактивна за домаќинствата ако се намали времето на враќање на инвестициите


Парите вложени во фотоволтаична централа на кров на куќа, доколку нема субвенции од државата, се враќаат од шест до 16 години, а инвестицијата во фототермални централи се враќа од седум до 18 години. Нешто поисплатливи од економски аспект се термалните системи за производство на топла вода, кои се исплатуваат за период за пет до шест […]

Од 1 до 10, пратениците оценети со 5,5 во однос на квалитетот на дебатата во Собрание


На скала од 1 до 10, оценката за квалитетот на дебатата во Собранието на Република Северна Македонија во првото полугодие на 2023 година е 5,5, што е влошување од претходното полугодие (јули – декември 2022) кога оценката беше 5,7. Ова го покажа набљудувањето на Институтот за демократија во периодот јануари – јуни 2023 година. Во фокус […]

Германија го дигитализира здравството со е-рецепти и дигитални досиеја на пациентите


Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц вчера ги претстави плановите за овозможување широка употреба на електронски рецепти и дигитални досиеја на пациенти во германското здравство, јавува германската новинска агенција ДПА. За овој новитет за дигитализација во здравството се зборувало за време на дводневната средба на коалициската влада во Мезеберг. По долгогодишно одложување, е-рецептите треба да станат […]

Сè помалку се раѓаат бебиња, процентот намален за 9 отсто во споредба со лани [инфографик]


Природниот прираст во земјава и понатаму е негативен, а видно се намалува и бројот на живородени деца, говорат податоците на Државниот завод за статистика. Според денешните објавени податоци, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4.019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 отсто. Бројот […]

Венеција, а не Кан или Берлин, ја има таа стара филмска магија – знае да ги избере победниците


Италија– Кан е поголем, Берлин е повеќе политички, а кога станува збор за огромниот број ѕвезди на црвениот тепих, Торонто е на врвот. Но, ако ја барате таа стара филмска магија, ниту еден филмски фестивал во светот не може да се мери со Венеција. Делумно тоа е историјата. Венеција е најстариот филмски фестивал , кој […]

Кучиња за вдомување од „Лајка“ ќе дефилираат пред фудбалскиот натпревар Вардар – МЃП


ЈП „Лајка“ ве поканува на фудбалскиот натпревар ФК Вардар – ФК Македонија Ѓорче Петров, в сабота 02.09.2023 во 16 ч., каде сите оние кои сакаат да вдомат куче, ќе имаат можност да ги видат овие куќни миленици. Пред почетокот на фудбалскиот натпревар фудбалерите на ФК Вардар ќе продефилираат со кучињата од Јавното претпријатие „Лајка“, кои […]