Компанијата на Маск го отстрани светлечкото лого што им пречеше на соседите


Компанијата на Илон Маск вчера го отстрани високиот, светлечки знак „X“ од врвот на своето седиште во Сан Франциско, откако се судри со градските власти поради контроверзниот знак и предизвика протести кај жителите. „X“, инсталиран на покривот на канцеларијата на компанијата во центарот на градот минатата недела, е дел од напорите на сопственикот Илон Маск […]

Серхио Рамос пред трансфер во Галатасарај


Поранешниот фудбалер на ПСЖ и Реал Мадрид, Серхио Рамос е блиску до преминување во Галатасарај. Фудбалерот има статус на слободен играч. Според новинарот Фатих Демиркол од „Хабер Глобал“, клубот од Истанбул го убедил 37-годишниот Шпанец да му се приклучи на турскиот шампион. За ПСЖ, Рамос за две години одигра 58 натпревари, постигнувајќи шест гола и […]

Нападнати два брода на руската Црноморска флота


 Руското Министерство за одбрана соопшти дека два патролни брода на Црноморската флота одбиле напад на три украински беспилотни чамци во близина на Севастопол. „Вооружените сили на Украина вечерва извршија неуспешен обид за напад со три морски чамци без екипаж врз патролните бродови на Црноморската флота ‘Сергеј Котов’ и ‘Василиј Биков’ кои извршуваа задачи за контрола […]

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон


Книгата за деца и млади „Диносаурус“ од познатиот исландски писател Аевар Тор Бенедиктсон (Ævar Þór Benediktsson) која е дел од серијалот „Твојата сопствена приказна“, излезе од печат деновиве во издание на „Бата прес“. Илустрациите се дело на познатата илустраторка Евана Киса, а романот од исландски на македонски јазик го преведе Мери Кицовска. Објавувањето на ова […]

Нетанјаху: Израел не оди кон граѓанска војна, неопходни се судските реформи


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја не оди кон граѓанска војна и дека се неопходни реформи во судството. „Нема да има граѓанска војна. Тоа ви го гарантирам. Кога ќе слегне прашината, луѓето ќе разберат дека тоа беше неопходно“, рече Нетанјаху во интервју за американската телевизија Ен-Би-Си. Тој додаде дека стравовите на луѓето ќе […]

На „Табановце“ за влез во државата се чека околу еден час, а на „Богородица“ за излез околу 30 минути


На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот […]

САД гледаат мала можност за пресврт на ситуацијата во Нигер по државниот удар


Високо позициониран американски функционер изјави дека има мали шанси да дојде до смена на ситуацијата во Нигер по минатонеделниот државен удар, а дипломатскиот и воениот став на САД ќе зависи од тоа дали демократски избраната влада ќе биде вратена на власт во наредните денови и недели. Британските медиуми пренесуваат дека САД го осудуваат военото соборување […]

Седумдесет години од пренесувањето на останките на Никола Карев во Крушево


– „Со бавен и одмерен чекор, под ехото на тажните одѕвонувања на камбаните од крушевските цркви, меѓу долгиот и густ шпалир од повеќеилјаден народ, малиот саркофаг од големиот човек, на своите раце, наизменично го пренесувале, старите прекалени негови илинденски борци: Тоду Борјар, Крсте Гермов-Шакир, Петруш Карев… “ Таква била атмосферата во Крушево точно напладне на […]

Додик: САД не ги бираа функционерите на РС, нема ни да ги менуваат


Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави дека „Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат“. „САД мислат дека на тој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив“, рече Додик, реагирајќи на одлуката на САД да стават четворица претставници на РС на […]

Соборени неколку беспилотни летала над Москва, повторно затворен аеродромот „Внуково“


Руската противвоздушна одбрана во раните утрински часови собори неколку беспилотни летала над главниот град, изјави утринава градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, пренесе ДПА. -Едно беспилотно летало ја оштети фасадата на една висококатница, изјави Собјанин на својот канал Телеграм. Засега нема информации за жртви. ДПА ја пренесува руската агенција Тасс која објави дека едно беспилотно летало […]

Изведба на детската претстава „Петар Пан – Големата битка“ во Струга


 Професионални актери и аматери од Куманово, Прилеп и Струга вечер ќе ја изведат театарската претстава за деца и младинци „Петар Пан- Големата битка“ на отворено, на местото викано „Кајакарско“ во Струга. Претставата, како што информира Здружението за култура и уметност Арт Манија од Куманово, е адаптација на сегмент од истиоменото дело на Џејмс Метју Бари […]

Во Крушево почнуваат чествувањата за Илинден и 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република


Со отворањето на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“ вечер на Гумење во Крушево и официјално почнува чествувањето на големиот празник Илинден. Годинава се одбележуваат 120 години од Илинденското востание и Крушевската Република. На отворањето на манифестацијата ќе се обрати претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Во рамките на чествувањата за Илинден, делегација денеска во 10 часот […]

Научна конференција „120 години од Илинденското востание“ во Крушево


 Научна конференција „120 години од Илинденското востание“ ќе се одржи денеска во конференциската сала на старото училиште во Крушево, со почеток во 10 часот. Организатор на научната конференција е Матицата на иселениците од Македонија. Научната конференција ќе ја отвори претседателот на МАНУ проф.д-р Љупчо Коцарев, а поздравен говор ќе има градоначалникот на Општина Крушево Томе […]

Сончево со мала до умерена локална облачност, температура до 36 степени


 Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8. Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен […]

„Тоа кај тебе дома“: Мицкоски го нападна амбасадорот на Словачка


  На претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не му се допадна изјавата на амбасадорот на Словачка во земјава дека „животот не е фер, а Македонија нема друга алтернатива од тоа да се направи она што треба“. Христијан Мицкоски му порача на амбасадорот Хенрик Маркуш: „Тоа дома. Мене не можеш…“ Во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на […]