Сончево со мала до умерена локална облачност, температура до 36 степени


Фото: Б. Грданоски

 Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 35 степени.

– До петок времето ќе биде стабилно со слаб до умерен јужен ветер и со пораст на температурата. Во сабота во попладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен ветер од јужен, а во недела од северозападен правец, кој ќе предизвика опаѓање на температурата, велат УХМР.