Најавеното невреме почна од Охрид, Ресен и оди кон Кичево


Најавеното невреме од запад, навлезе на територија на Македонија. Како што веќе најавивме, ќе бидат зафатени западните и север-западните делови од Македонија.

Во овие моменти јужно од Кичево нестабилност проследена со пороен дожд.

„Јужно од Кичево нестабилност со можна појава на поројни врнежи од дожд и појава на град ,правец на движење е кон Кичево“, информираат од УХМР.

Нестабилност јужно од Ресен, со можност да има појава на пороен дожд и град.

Нестабилно е во југозападните делови, во охридско-струшкиот регион со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилната облачна маса во соседна Албанија постепено навлегува на нашата територија со правец на движење југозапад-североисток.