Невреме во Скопје: Општините на располагање за интервенции

Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето


Невреме го зафати и Скопје и Скопската Котлина. Силен дожд и ветер го погодија потесното градско подрачје.

Од различни локации од Скопје стигнуваат првите информации за паднати дрвја и штети од невремето. Засега кај надлежните нема пријавено штети иако штети има и допрва ќе се утврдува колку.

Општинските служби преку социјалните мрежи информираа дека активно работат за санирање на евентуалните штетите од невремето. 

Нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер во северозападните делови и Скопската Котлина.
 
 

УХМР уште вчера предупреди дека поради голема влажна маса во земјава може да се очекуваат поројни дождови.

Во Скопје има пороен дожд, силен ветар и грмежи, веќе еден час.

Општина Аеродром се става на располагање на граѓаните

Општинскиот кризен штаб и општинските служби се подготвени доколку се појави потреба за интервенции по невремето проследено со дожд и ветер кое го зафати Скопје.
 
Тие се во редовна координација и постојана комуникација со надлежните служби од Центарот за управување со кризи, Јавното претпријатие ,,Паркови и зеленило”, ЕВН Македонија и надлежните служби во телекомуникациските оператори.
 
Доколку се појави потреба граѓаните може да контактираат преку дежурниот телефонски број во општината 071/327-088 и на телефонските броеви 072/334-281 и 02/2432-362 во полициската станица Аеродром. Штетите поврзани со земјоделските посеви потребно е да се пријават во надлежните служби на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
 
 Апелираме до граѓаните на смиреност, општинскиот кризен штаб работи со полн капацитет за навремено отстранување на пречките и евентуалните последици од невремето.
 
Општина Кисела Вода свика Кризен штаб
 
Кризниот штаб и екипите на општината се подготвени!
Почитувани, поради најавите за силно невреме кое се заканува да го зафати Скопје во текот вечерните часови, општинскиот кризен штаб заедно со службите се подготвени на терен во случај на штети или поплави.
Во постојана комуникација сме и со ЦУК, МВР, ЕВН и сите засегнати институции со кои заедно ќе интервенираме доколку има потреба.
Во текот на целата ноќ на располагање ќе бидат и двата броеви на кои можете да се обратите да пријавите проблем:
☎️+389 78207687
☎️+389 71391250
Не можеме против невремето, но може заеднички да спречиме поголеми штети! – порачуваат од таму.
 
Мобилизиран Кризниот штаб и во Гази Баба
 
– Согласно најавите за интензивни врнежи од дожд и силно невреме, Ве информирам дека го мобилизирав кризниот штаб на општина Гази Баба и формирани се тимови за реакција од ЈКП Гази Баба, информира градоначалникот Бобан Стефков.
 
Телефонскиот број 075346938 е отворен и на истиот сите граѓани можат да ги пријават последиците настанати од невремето.
 
Тимовите на општината се подготвени за соодветна реакција си цел справување со сите евентуални последици настанати од невремето.
 
Спремни и во Бутел
 
Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на Министерството за внатрешни работи, службите на ЕВН и Центарот за управување со кризи.
Екипите на Општина Бутел се во целосна спремност да се справат со евентуалните последици од невремето.
Дежурните екипи се поставени да бидат на терен и достапни за граѓаните доколку има потреба и пријави.
☎️ Достапен ќе биде и телефонски број 0️⃣7️⃣6️⃣2️⃣0️⃣5️⃣1️⃣5️⃣2️⃣ на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето или потреба од службите да интервенираат.
Апелираме граѓаните на Општина Бутел да останат смирени.
 
Ѓорче Петров интервенира
Будно ја следиме состојбата со временските непогоди кои што се очекуваат во текот на денот.
Формиран е кризен штаб во соработка со МВР и надлежните органи, доколку е потребна било каква интервенција на терен, ќе постапиме во најбрз можен рок.
Апел до сите жители да останат во своите домови доколку немаат неодложни обврски поради кои треба да го напуштат домот.
За сите евентуални последици од невремето или доколку е потребна било каква интервенција, контактирајте ја дежурната служба.
☎️ 078/449-278 Даниел