Почина ќерката на Чарли Чаплин, Жозефина


На 74-годишна возраст во Париз почина Жозефина Чаплин, ќерката на легендарниот комичар Чарли Чаплин, јави ДПА . Актерката починала на 13 јули, објавија вчера американските весници, повикувајќи се на нејзиното семејство. Роднините претходно ја објавија нејзината смрт во известување за погреб во францускиот дневен весник „Фигаро“. Жозефина Чаплин е родена во Санта Моника, Калифорнија, во […]

Алјаска: Четири лица загинаа при пад на хеликоптер


Четири лица загинаа кога хеликоптер се урна во езеро во регионот на Северна Слоуп во американската сојузна држава Алјаска, соопштија официјални лица. Во несреќата нема преживеани, а покрај пилотот загинаа и тројца вработени во Одделот за геолошко-геофизички истражувања кои работеа на терен, соопштија властите. Општински функционер изјави за АП дека хеликоптерот Бел 206 бил пријавен […]

И „Еуромакс“ е против рудници на смртта


  И веднаш за да нема никаква дилема, да бидам јасен овој наслов не е печатна грешка и вие правилно сте го прочитале и разбрале. „Еуромакс ресоурцес“ е одлучно против „рудници на смртта“, против „екоцид и геноцид“, против застарени технолошки методи и стандарди во рударството, против користење на цијанид, киселини и токсични хемикалии; против небезбедни […]

(Видео) Бурата го опустоши регионот: На удар Словенија, Хрватска, БиХ и Србија


Силно невреме, проследено со дожд, грмежи и јак ветер, во петокот вечерта ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија во регионот. Покривии летаа и паѓа, дрвја се откорнати, а штетата е огромна.  Во Србија, во Нови Сад, 12-годишник загина, но не се знае дали бил погоден од гром или пак починал од струен удар.  Објавени […]

Во Грција очекуваат над 45°С. Аризона веќе 22 дена со температури е над 43°C


Грција денеска е во максимална готовност поради топлотен бран со очекувани температури над 44 Целзиусови степени, а во исто време рекордно високите температури го горат југот на САД со очекување дека ќе ги зафати и другите делови од земјата. До недела сите археолошки локалитети, вклучително и познатиот атински Акропол, ќе бидат затворени за посетители во […]

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор


– Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор. За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од  неговата генерација. Тој има настапувано како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во Велика Британија, Казахстан, Кина, […]

Возилата на БРАКО ќе чистат луксузен синџир хотели во Хрватска


Луксузниот ланец хотели Solaris Beach Resort во Шибеник, Хрватска, купи две возила од брендот Грин Машинс на БРАКО за одржување на хигиената во комплексот. Возилата на БРАКО се многу ценети и барани во Хрватска, велат одговорните лица од „Градатин“, дистрибутер на возилата за хрватскиот пазар.   „Возилата Грин Машинс одлично се пласираат, исполнуваат високи стандарди, […]

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека 40 минути


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 40 минути, информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања […]

Акција за чистење на депонијата во Визбегово


Општина Шуто Оризари соопшти дека денеска ќе организира акција за чистење на депонијата во Визбегово. Депонијата е една од наголемите на подрачјето на Скопје, и во во летниот период претставува опасност и закана како за граѓаните на Шуто Оризари и на целиот град.

Сончево и топло до 43 степени и УВ индекс 10


 Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. […]

Работи кои го преполнуваат вашиот плакар – или фрлете ги или подарете ги


Се препорачува секоја година да го проверувате плакарот. Ако нешто не сте користеле две до три години, најдобро е да го подарите или да го фрлите ако веќе не може да се користи. Според професионалните организатори, овие работи повеќе не треба да ги има во нашиот плакар: Облека што повеќе не ја носите Освен ако […]

Петровска –Дендиас: Северна Македонија подготвена да ѝ помогне на Грција за пожарите


Министерката за одбрана на Северна Македонија Славјанка Петровска во телефонски разговор со нејзиниот грчки колега Никос Дендиас ја изразила подготвеност на нашата земја да ѝ помогне на Грција во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. За телефонскиот разговор министрите вечерва информираа преку социјалните мрежи. -Во телефонски разговор со мојот грчки колега Никос […]

Како да препознаете квалитетна тоалетна хартија?


Белата тоалетна хартија која сите ја користиме би можела да стане минато, бидејќи при нејзината финална обработка се користат бројни хемикалии кои се многу штетни за здравјето, особено кога станува збор за интимната зона на жената. Наместо бела хартија избелена со хлор, луѓето ширум светот се одлучуваат за здрава тоалетна хартија која не е избелена […]

Психолог предупредува: Овие два знака покажуваат дека нешто не е во ред со детето


Детскиот психолог Сем Вас сподели два предупредувачки знаци за британскиот Mirror кои суптилно можат да им кажат на родителите дека нешто не е во ред со нивното дете. Како што објасни, секое дете е различно и се справува со емоциите на свој начин, поради што понекогаш е тешко да се забележат проблемите. „Иако секое дете […]

Ирак го прави првиот чекор да стане најголем производител на нафта во светот


  Ирачкиот парламентарен комитет за нафта и гас планира да го зголеми производството на нафта во земјата на повеќе од пет милиони барели дневно, според објавените записници на комисијата неодамна, пишува во текст објавен на Оилпрајс.ком, Сајмон Ваткинс, трговец и продавач на FX, финансиски новинар и автор. Тој беше раководител на институционална продажба и тргување […]

Белгија ги уништува вакцините против Ковид, вредни 131 милион евра


Белгија наскоро ќе мора да уништи медицинска опрема и вакцини против Ковид во вредност од 131 милион евра, бидејќи тие се истечени и повеќе не се употребливи. Во време кога вакцините против Ковид беа многу барани, белгиската преодна влада вложи дополнителни напори да најде опрема за борба против Ковид, купувајќи се што беше достапно. Набавена […]

Растот на платите во јавниот сектор нема да биде на товар на стопанството, вели Битиќи


Стоиме на ставот дека Данокот за солидарност треба да се донесе, исто како што минатата година слични решенија се случија и во други земји во Европа и сметам дека после четири години поддршка од страна на државата и граѓаните, сега овие компании околу 150 на број, можат да си дозволат еднократно да платат данок кој […]

Малолетник почина на Хвар од струен удар додека се туширал во дворот?


Малолетник почина денеска на Хвар, потврди сплитско-далматинската полиција. Според првите информации тој настрадал од струен удар. Несреќата се случила во општина Јелса. Околу 14 часот и 45 минути била повикана итна помош бидејќи во дворот од семејната куќа најверојатно од струен удар бил повреден малолетник. За жал, тој од повредите починал на местото на настанот. […]

Руски олигарх загуби спор за заплена на јахта вредна 50 милиони долари


Лондон – Рускиот олигарх Сергеј Науменко денеска го загуби судскиот процес против Велика Британија во врска со одземањето на неговата јахта вредна 50 милиони долари. Високиот суд во Лондон го отфрли тврдењето на Науменко дека јахтата била неправилно одземена, а неговиот адвокат рече дека неговиот клиент размислува да поднесе жалба на одлуката, објави Ројтерс. Судијата […]

Зверев пак обвинет за семејно насилство


Како што пренесува германски РТЛ, Судот во Берлин покренал процес против Александар Зверев поради нов случај на семејно насилство. Овој пат германскиот тенисер беше обвинет од Бренда Пате со која Саша Зверев има ќерка. Ова е втор случај во кој Зверев е обвинет за семејно насилство. Поранешната девојка Олга Шарипова еднаш го обвини Саша, но […]