Белгија ги уништува вакцините против Ковид, вредни 131 милион евра


Фото: Б. Грданоски

Белгија наскоро ќе мора да уништи медицинска опрема и вакцини против Ковид во вредност од 131 милион евра, бидејќи тие се истечени и повеќе не се употребливи.

Во време кога вакцините против Ковид беа многу барани, белгиската преодна влада вложи дополнителни напори да најде опрема за борба против Ковид, купувајќи се што беше достапно.

Набавена е голема количина опрема, но дел од овој материјал мора да се уништи – вакцините, тестовите, реагенсите се со истечен рок, додека маските FFP2 повеќе не ги исполнуваат стандардите.

„Во време на невидена здравствена криза поради големата несигурност, владата мора да направи се за да го заштити својот народ. Затоа во првиот бран на пандемијата масовно купивме медицинска опрема. Сега мораме да го уништиме вишокот на таа опрема, бидејќи рокот ѝ е истечен“, рече министерот за здравство Френк Фандербрук.

Се проценува дека ќе бидат уништени вакцини во вредност од 131 милион евра, а нивното уништување ќе ја чини белгиската влада дополнителни 310.000 евра.