(Видео) Бурата го опустоши регионот: На удар Словенија, Хрватска, БиХ и Србија


Силно невреме, проследено со дожд, грмежи и јак ветер, во петокот вечерта ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија во регионот.

Покривии летаа и паѓа, дрвја се откорнати, а штетата е огромна. 

Во Србија, во Нови Сад, 12-годишник загина, но не се знае дали бил погоден од гром или пак починал од струен удар. 

Објавени детали за загинатото момче во Нови САД

Дванаесетгодишното момче Ј.В. загина синоќа по невремето што го зафати Нови Сад. Според медиумите, момчето дошло да ги посети своите роднини кои живеат во приземјето на зградата на улицата „Вук Мандушица“.

 „Тој се приближи да им чукне на прозорецот и според првите информации изгледа дека згазнал на кабел за струја што го скинало невремето. Ова засега само се претпоставува, точната причина за смртта ќе биде утврдена по завршувањето на обдукцијата“, вели изворот на Блиц.

Според ужаснатите очевидци, момчето наеднаш почнало да се тресе, што го виделе соседите и веднаш притрчале да му помогнат. Набрзо пристигнала брзата помош која цел час се обидувала да го реанимира несреќното дете, но немало како да го спаси. Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и извршила увид.

Хрватска: Седум повредени во невремето, се трага по маж
Според првичните информации, седум лица се повредени во невремето што во петокот вечерта ја зафати Хрватска – шест во кампот во Новиград и едно во Опатија.

Еден човек исчезна за време на невреме во морето кај Новиград, а започната е потрага, пренесува порталот Индекс.

Силно невреме прво ги зафати Истра и Кварнер во петокот попладне. Паѓаше град, а силниот ветер корнеше дрвја. Невремето потоа се пресели во внатрешноста на Хрватска.

Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, по новото силно невреме што го зафати Загреб изјави дека пожарникарите излегле на терен повеќе од 200 пати, додавајќи дека најважно е да нема повредени.

Во БиХ падна предавател, дел од земјата без сигнал

Во невремето што ја зафати општина Нови Град оштетени се покриви на станбени и помошни објекти, како и во Вукосавље. Силно невреме ги погоди Шамац, Брчко, областа Градишка, Лакташ и Србац, јавува РТРС.

 

Поради невремето беше соборен предавателот на РТРС во Дуга Њива, по што без сигнал останаа Посавина, Шемберија, Подриње, регионот Сараево-Романија и Херцеговина. Невреме е забележано и на северот на Босна и Херцеговин проследено со силен ветер,а  падна град со големина на топче за пинг-понг, што е забележан во областа Босански Нови, објави Klix.ba.