Малолетник почина на Хвар од струен удар додека се туширал во дворот?


Малолетник почина денеска на Хвар, потврди сплитско-далматинската полиција. Според првите информации тој настрадал од струен удар. Несреќата се случила во општина Јелса.

Околу 14 часот и 45 минути била повикана итна помош бидејќи во дворот од семејната куќа најверојатно од струен удар бил повреден малолетник. За жал, тој од повредите починал на местото на настанот.  Го известивме надлежното државно правобранителство и ќе биде спроведена истрага“, велат од полицијата.

Слободна Далмација неофицијално дознава дека момчето е австриски државјанин кој со семејството престојувал на Хвар. Електричниот удар наводно го погодил додека се туширал под надворешната туш кабина во дворот од куќата што ја изнајмиле.

Оваа информација не е официјално потврдена.