Руски олигарх загуби спор за заплена на јахта вредна 50 милиони долари


Лондон – Рускиот олигарх Сергеј Науменко денеска го загуби судскиот процес против Велика Британија во врска со одземањето на неговата јахта вредна 50 милиони долари.

Високиот суд во Лондон го отфрли тврдењето на Науменко дека јахтата била неправилно одземена, а неговиот адвокат рече дека неговиот клиент размислува да поднесе жалба на одлуката, објави Ројтерс.

Судијата изјавил дека јахтата е уредно задржана бидејќи има голема вредност, а нејзиниот сопственик е поврзан со Русија.

Јахтата „Фи“, долга 58,5 метри, беше запленета во март 2022 година кога беа воведени прописите за запленување на руски бродови врз основа на санкциите воведени кон Русија поради нападот врз Украина.

Адвокатите на Науменко тврдеа дека неговата јахта била запленета само затоа што тој е руски богаташ и покрај тоа што немал врска со руската политика или рускиот претседател Владимир Путин.