Вардар 1961 се засили со српскиот ракометар Срдановиќ


Македонскиот ракометен прволигаш Вардар 1961 соопшти денеска дека ги засили своите редови за новата сезона со српскиот ракометар Марко Срдановиќ, кој потпиша договор на две години, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Дваесетипетгодишното лево крило доаѓа во редовите на поранешниот двократен европски првак од Металопластика со која изминатата сезона го освои […]

Вицепремиерот Груби им се извини на соседите за запаленото возило во Чаир


Им се извинувам на сите мои соседи во мојата населба за големото вознемирување синоќа пред нашата зграда само поради мојата професија. Исто така, му се извинувам на мојот пријател и неговото семејство за предизвиканата штета само поради мојата професија, напиша првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби на неговиот […]

Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери во Украина


Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери од советско производство во Украина. Бугарските пратеници со 148 гласови „за“ и 52 „против“ изгласаа стотина оклопни транспортери „БТР“ од советско производство да бидат испратени во Украина. На владината одлука се спротивставија социјалистите, како и проруската ултранационалистичка партија Преродба. Бугарија, поради историски силните врски со Русија, досега избегнуваше […]

Пет каснувања од змии во последните недели во Прилеп


Во последните две-три недели, во Прилеп имало  пет каснувања од змии, на полињата каде работат полски работи, а пациенти во Брзата помош се жалаат на каснувања од инсекти. За 60-тина насто се зголемени интервенциите на службата за итна медицинска помош во Прилеп и за 20 до 30 повеќе амбулантски прегледи на пациенти од вообичаеното. Во […]

Еден загинат и двајца повредени во напад со нож во психијатриски центар во Копенхаген


 Едно лице загина, а две се повредени при прободување со нож во психијатриски центар западно од Копенхаген, соопшти данската полиција. Станува збор за тројца вработени во болничкиот центар, а еден од повредените сè уште е на лекување. Полицијата засега не се открива идентитетот на жртвите, ниту кој е сторител на злосторството во Глоструп, предградие на […]

Предупредување за цела Словенија и поголем дел од Хрватска, се очекува ново невреме


Словенечката агенција за животна средина (Арсо) денеска издаде портокалово предупредување за невреме за целата на Словенија, во периодот од 14 до 23 часот. Според Арсо, можна е силна бура, со град и налети на ветер и гром. Денеска, околу 10 часот, ДХМЗ објави портокалово предупредување за невреме со грмотевици за речиси цела Хрватска. Исклучок се […]

Македонските едриличари на Младинското светско натпреварување


Од 23 до 30 јули македонската репрезентација во едрење ќе учествува на Младинското светското натпреварување во едрење во класата ИЛКА 4, во Волос во Грција на возраст од 15 – 17 години ( ILCA 4 Youth World Championship) Репрезентацијата е составена од Матеј Кавај, Мерт Лушо, Евгенија Ставрева, Софија Ставрева и Илина Гаџовска и тренерите […]

Пожар кај депонијата во Ново Лисиче


Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола. -Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје. Со пожарот, како што посочија, се […]

Хотелите мака мачат со мемоарите на принцот Хари


Популарните туристички дестинации се преполни со фрлени копии од мемоарите на принцот Хари „Резерва“, кои луѓето дури и ги фрлаат во ѓубре. Мемоарите на принцот Хари „Резерва“ половина година по објавувањето доживеа голем неуспех и беше прогласена за најотфрлена книга на летото. Иако книгата беше прогласена за бестселер уште во првата недела од објавувањето и […]

Портокалова тревога, температурата до 43 степени – Водно спас од горештините


 До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури и со висок УВ индекс. Особено топло ќе биде денеска и во вторник и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Максималната тенпература денеска ќе биде во интервал од 36 […]

Гори Вардариште, црн чад над Аеродром


На локалитетот Вардариште, изгледа повторно се палат кабли, а над Аеродром се издига црн чад.  Денеска околу пладне, над Вардар од страната кај Вардариште се забележува густ црн чад, кој се движи кон Аеродром.  На ова место постојано се палат кабли од кои потоа се вади бакарот за продажба. Многупати надлежните инспектори, придружени од полиција […]

И натаму расте рејтингот на германската десничарка популистичка партија АфД


Продолжува да расте популарноста мна германската десничарската популистичка партија Алтернатива за Германија (AfD) и таа во моментов ужива поддршка од 22 отсто од гласачите, покажува најновото истражување на јавното мислење објавено денеска во дневниот весник Билд. АфД заостанува само четири отсто зад моментално најпопуларната партија во Германија, Унијата на ЦДУ/ЦСУ, се гледа од неделното истражување […]

Пропадна договорот Иран да купи руски борбени авиони СУ-35


 Иранскиот договор за купување на долго посакуваните борбени авиони Сухој Су-35 од Русија неочекувано пропадна, а тоа имплицитно го призна иранскиот министер за одбрана Мохамад-Реза Гараеи Аштиани, пренесоа иранските медиуми. На прашањето за статусот на договорот, за кој првично се тврдеше дека е завршен уште минатата година, Аштиани сега предложи промена во стратегијата, што укажува […]

Запален автомобилот на Артан Груби


Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби, дознава порталот на албански јазик „Коха“. Инцидентот се случил на улицата „Струмичка“ во скопската населба Чаир. Полицијата во придружба на јавен обвинителот излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот. Се чекаат повеќе детали по извршениот увид.  

Северна Кореја повторно истрела крстосувачки ракети


Северна Кореја денеска повторно истрела неколку крстосувачки ракети кон Жолтото Море, западно од Корејскиот Полуостров, соопшти јужнокорејската војска. Ова е последно лансирање на севернокорејски ракети откако пред три дена оваа изолирана земја истрела уште две балистички ракети, додека Пјонгјанг и Вашингтон ја засилуваат својата демонстрација на воена сила во судирот околу нуклеарното оружје и ракетната […]

Средба Ангеловска-Бежоска – Паолучи за новата Рамка за партнерство со Светската банка


 Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава, Масимилијано Паолучи, во рамки на консултациите по повод новата четиригодишна Рамка за партнерство со Светската банка. На средбата од страна на претставниците на Светската банка се разговараше за подготовката на новата Рамка за партнерство која има за цел […]

Фон дер Лајен: Градиме обединет континент со еднаквост пред законот и со слобода и демократија за сите


 Изградбата на мир преку почитување на принципот на владеење на правото е правилото на кое се базира обединета Европа, изјави доцна синоќа по европско време претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на цермонијата на која на ЕК и беше врачена Светската награда за мир и слобода, што ја доделува Светската асоцијација […]

Бербок: Процесот на пристапување на Турција во членство на ЕУ е „длабоко во замрзнувачот“


Турција во блиска иднина нема да влезе во Европската унија, изјави шефицата на германската дипломатија, Аналена Бербок, додавајќи дека пристапниот процес останува „замрзнат“ поради, како што наведе, „проблеми со човековите права“. Амбицијата на Анкара да стане членка на ЕУ е „длабоко во замрзнувачот“, рече таа на маргините на состанокот на европските министри за надворешни работи […]

Шинковски: Искористите ја создадената можност, в година ЕУ по изборите повеќе ќе се концентрира на себе и институционалните промени


Се наоѓате во клучен момент од вашата евроинтеграција. Не е наша задача да ви кажеме што да правите, наше е да ја споделиме перспективата дека е време да ги искористите можностите кои ги имате сега создадени по руската агресија во Украина. Наредната година ќе биде потешко, бидејќи ЕУ веројатно повеќе ќе се концентрира на самата […]

Жители на Дабиле се вклучија во потрагата по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош


 Се уште трае потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој на 16 овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Вчера попладне во потрагата се вклучија жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонар ја пребаруваа браната, но петчасовната потрага не даде резултат. На фејсбук групата „Дабиле“ најавуваат дека потрагата […]