Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери во Украина


Бугарскиот парламент одобри испраќање на оклопни транспортери од советско производство во Украина.

Бугарските пратеници со 148 гласови „за“ и 52 „против“ изгласаа стотина оклопни транспортери „БТР“ од советско производство да бидат испратени во Украина.

На владината одлука се спротивставија социјалистите, како и проруската ултранационалистичка партија Преродба.

Бугарија, поради историски силните врски со Русија, досега избегнуваше директно да и помогне на Украина.

Транспортерите биле набавени во 80-тите години од минатиот век и никогаш не биле користени. Бугарија важи за земја членки на НАТО, која има големи резерви на советска опрема и оружје, а произведува и муниција.