Најмалата чанта на светот продадена за 63.750 долари


Њујорк– Микроскопска рачна торба помала од зрно сол се продаде на аукција за 63.750 долари. Торбата има димензии 657х222х700 микрометри и за да се види нејзиниот дизајн, потребен е микроскоп. „Доволно тесна да помине низ окото на иглата, оваа торба е толку мала што ќе ви треба микроскоп да ја видите“, објави уметничкиот колектив „МСЦХФ“ […]

Нереди во Франција: Приведени 994 демонстранти, запалени 1.350 автомобили и 234 објекти изминатата ноќ


Париз – Речиси 1.000 луѓе се приведени изминатата ноќ во нередите во Франција, кои избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 994 лица. Повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата. Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени […]

Словенија и Бугарија најатрактивни за студирање


Квалитетот на студиските програми, рејтингот на универзитетите и студирањето на некој близок надвор од државата се причина 21 процент од матурантите од четири региони годинава да заминат на некој од факултетите во странство. Атрактивни дестинации за студирање се Словенија и Бугарија, покажуваат најновите истражувања на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Универзитетскиот професор Страшко Стојановски […]

Во Словенија лани се зголемил бројот на кибер напади


Љубљана –  Словенија пријавила 4.123 инциденти за кибер безбедност минатата година, што е речиси една третина повеќе од 2021 година, се вели во извештајот на словенечкиот национален центар за сајбер безбедност (SI-CERT). Минатата година беше обележана со војната во Украина, која ја нагласи важноста од споделување информации со меѓународната заедница. Лани, т.н. „фишинг“ напади уште […]

Патарина со еден „таг“ во Македонија и Србија


Северна Македонија и Србија од денеска применуваат заеднички систем за наплата на патарина со еден „таг“.  Наместо да запираат или да купуваат дополнителен уред или картичка, возачите од двете земји ќе може со еден уред да платат патарини. Од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА информираа дека системот ги поминал успешно сите тестирања, подготвен […]

Од денеска без ограничени маржи, цените на основните производи ќе ги дефинира пазарот


Од денеска веќе не е во сила Одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот.  Цените на овие основни производи ќе се утврдуваат според […]

Министерот Николовски на Конференција на ФАО во Рим


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска и утре во Рим ќе учествува на 43-та Конференција на ФАО, на која ќе се гласа за избор на Генерален директор на ФАО. Во рамки на посетата министерот Николовски ќе оствари средба со генералниот директор на ФАО, како и билатерална средба со министерот за земјоделство на […]

Од денеска летен режим за сообраќај за тешки товарни возила


Од денеска до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на викендот и за денови при екстремно високи температури. Како што информира АМСМ, забраната се однесува за следните термини: петок од […]

Од 123 објекти во сопственост на СФРЈ, за распределба останати се уште 16


Договорот за сукцесија на поранешна СФРЈ беше склучен во Виена во 2001 година и стапи во сила три години подоцна со потписот на последната земја наследничка Хрватска. Седум анекси за поделба на имотот беа потпишани од тогашната СРЈ, во чиј состав беа Србија и Црна Гора, потоа Хрватска, Словенија, Македонија и Босна и Херцеговина. Најинтересен […]

По ОБСЕ и А5, Македонија го презема претседавањето со ПСЈИЕ


Република Северна Македонија од денска го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИE). Слоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ ќе биде водечка тема на македонското претседавање со ПСЈИЕ, а посебен фокус, како што најавија претседателот Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе биде ставен на добрососедските односи, помирувањето, безбедноста, стабилноста, […]

Алексис Ципрас, единствениот грчки премиер што оствари официјална посета на Скопје


Горд сум за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, порача меѓу другото, сега веќе поранешниот лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, соопштувајќи го во четвртокот неговото повлекување од лидерската позиција, […]

Струјата по нова цена, од 1 декември повторно евтина дневна тарифа


Корисниците на регулираниот пазар на електрична енергија почнувајќи од денеска па во наредните шест месеци ќе ја плаќаат струјата по нова цена што во вторникот ја одреди  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Согласно одлуката, за 7,04 проценти се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, […]

Сончево и топло, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде […]

Астрономски календар


Денеска е  сабота, 1 јули 2023 година, 182-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 183 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минута, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 11 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]