Работи кои го преполнуваат вашиот плакар – или фрлете ги или подарете ги


Се препорачува секоја година да го проверувате плакарот. Ако нешто не сте користеле две до три години, најдобро е да го подарите или да го фрлите ако веќе не може да се користи.

Според професионалните организатори, овие работи повеќе не треба да ги има во нашиот плакар:

Облека што повеќе не ја носите

Освен ако немате неограничен простор за складирање, нема смисла да ја чувате облеката што не одговара на она што сте денес.

„Вашиот плакар треба да биде одраз на вашиот сегашен начин на живот и големина на гардероба. Тоа значи дека е време да се разделите со работи кои или не ги носите или едноставно не одговараат на вашиот секојдневен начин на живот, како костуми или блејзери од вашата поранешна професија”, вели професионалниот организаторот Кензи Харки од Simply Dare.

Спомени

„Можеби е примамливо да ја чувате таа кутија со стари списанија и разгледници во вашиот плакар, но ова не е место за тие спомени“, вели Харки, според The ​​Spruce.

Предмети за поправка

Со месеци се надевавте дека ќе го поправите тоа искинато парче облека или чанта, а сè уште не сте го направиле тоа.

„Сите сме толку зафатени, па затоа препорачувам да поставите рок за извршување на овие задачи и ако не можете да најдете време да го направите тоа, намалете ги загубите и продолжете понатаму“, вели организаторот.

Подароци што не ви се допаѓаат

Само затоа што подарокот дошол од некој близок не значи дека треба да го чувате ако не одговара на вашиот стил.

„Треба да бидете опкружени со работите што ги сакате во вашиот дом“.