Грција добива помош од 11 земји во справувањето со шумските пожари


Атина – Преку европскиот механизам за цивилна заштита и rescEU и по побараната помош од грчка страна за справување со шумските пожари, и Кипар и Хрватска испратија воздушни средства во Грција, а Бугарија копнени сили, јави дописничката на МИА од Атина.  Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, земјата вчера […]

Судењето на Трамп за класифицираните документи закажано за 20 мај 2024


Федералниот судија што го надгледува судењето на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговото неправилно постапување со случајот со доверливи документи, го одреди датумот на судење за 20 мај 2024, според судската наредба од денес. Оваа одлука го става кривичното судење на Трамп на помалку од шест месеци пред претседателските избори во САД во ноември 2024 […]

Промени во раководниот тим на ОКТА


Одборот на директори на ОКТА АД–Скопје донесе одлука со која го назначи Димитриос Пасхос за нов вршител на должност Извршен член на Одборот на директори и Главен извршен директор на компанијата. Истовремено, досегашниот Главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ ја презема функцијата Претседател на Одборот на директори на компанијата. Дополнително, воведена е нова позиција […]

Протест на лицата со дијабетес вечер ќе има, ветеното од средбата на писмено


Протест вечер ќе има, иако од денешната средба со министерот за здравство Фатмир Меџити сум презадоволен. Но, очекувам се што беше кажано и ветено на средбата, да го добијам во писмена форма и со потпис од министерот, изјави за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари на РСМ, Димче Велев. -Јас и секретарот на […]

Вардар е една од последните реки со делумно слободен тек во Европа која мора да добие заштита


Вардар е една од последните реки во Европа кои имаат во некој свој дел слободен тек. Долното течение на нашата најголема река, која ја опфаќа и Демиркаписката клисура е еден од највредните природни резервати во земјата. Таа е Емералд подрачје кое треба да ужива заштита заради богатството на биодиверзитетот и важна област за птиците – […]

Го сметаа за наследник на Бред Пит, а потоа исчезна: Како изгледа Џош Хартнет денес (Фото)


Актерот Џош Хартнет се прослави со улогата во филмот „Перл Харбор“, а поради неговиот талент и шарм јавноста веруваше дека тој ќе биде наследник на холивудскиот актер Бред Пит. По неколкуте успешни улоги во филмовите како што се: „40 дена и 40 ноќи“, „Холивудски детективи“, „Black Hawk Down“ и многу други, актерот реши да го […]

Грција го чека најтоплиот викенд во јули во последните 50 години


Претстојниот викенд во Грција би можел да биде најтоплиот во јули во последните 50 години, изјави денеска метеоролог на јавната телевизија, бидејќи земјата се соочува со жештина што може да се протега до следната недела. Земјата влегува во третиот топлотен бран оваа година, а температурите би можеле да достигнат до 40 степени Целзиусови на многу […]

Градската депонија во Велес изгасната, но сѐ уште под засилена контрола


Градската депонија за смет во Велес лоцирана над градот кај Штипско џаде, која се запали вчера попладне, е изгасната ноќеска со големо залагање на вработените  од ЈКП„Дервен“ и екипа на Противпожарната единица од Велес. Екипите на Пожарната таму беа од 17,30 до 23 часот кога пожарот беше изгаснат. Сепак, екипи на ЈКП„Дервен“ и денеска го […]

Ново невреме во Хрватска, снимен застрашувачки облак (Видео)


Ново невреме ја зафати Хрватска, поради што црвено предупредување е издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од земјата.   Силното невреме прво ги зафати Истра и Кварнер. Падна град, силниот ветер корнеше дрвја.Сите надлежни институции издадоа алармантни преупредувања за жителите на земјата, особено […]

Обезбедени наставни и нагледни средства по историја и географија за сите основни училишта


Од септември во сите основни училишта во државата ќе бидат на располагање новите наставни и нагледни средства по историја, географија и другите предмети од групата општествени науки, со што часовите ќе станат значително поинтересни за учениците и наставната материја полесно ќе се совладува. Кабинетите по овие предмети во моментов се опремуваат со различни видови географски […]

Германија и НАТО ќе ја поддржат Полска во одбраната на источното крило


Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави во Прага дека Берлин и НАТО се подготвени да ја поддржат Полска во одбраната на нејзиното источно крило. „Таму каде на полските партнери им е потребна поддршка, тие ќе ја добијат“, рече Писториус на прес-конференцијата со својот чешки колега. Коментарите на Писториус, според полските медиуми, доаѓаат откако полскиот […]

Путин ја обвини Полска дека сака да изврши инвазија на Украина


  Рускиот претседател Владимир Путин денеска рече дека Полска има планови да го заземе западниот дел на Украина. Според него, полските власти се надеваат дека „ќе ги вратат, како што веруваат, нивните историски територии“. Вака претседателот реагираше на говорот на директорот на Службата за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин за време на состанокот на Советот за […]

Гори сува трева во Куманово и во Штип


Нови пожари избувнаа денес во Куманово и во Штип, каде според информациите, запалена е сува трева. Регионалниот ЦУК Куманово известува, според информацијата на Tериторијалната противпожарна бригада Куманово, за пожар на отворено на улицата „Ѓуро Поштар“, каде што гори сува трева и стрниште. Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица ТППЕ Куманово интервенираат од 13.52 часот со 1 […]

Обвинителството во Битола уште нема добиено известување од МВР за „Битолски Монмартр“


  БИТОЛА – Основното јавно обвинителство од Битола тврди дека досега не добило известување од МВР за случајот со „Битолски Монмартр“ и носењето на деца во Бугарија на средби со тамошни политичари, меѓу кои и претседателот Румен Радев. Од Основното јавно обвинителство Битола велат дека најавеното известување од министерот Оливер Спасовски, по кое треба да […]

„Руен“ во нов инвестициски проект за производство на делови и прибор за возила


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Кочани ја посети компанијата „Руен“, која Владата финансиски ја има подржано со договор за финансиска поддршка на инвестиции. Како што соопшти владината прес-служба, Битиќи посочил дека на „Руен“, која се осмели да влезе во нов инвестициски проект од скоро 110 милиони денари за производство на делови и дополнителен […]

21 јули во историјата – Роден е Ернест Хемингвеј


  На 21 јули 1899 година, Ернест Милер Хемингвеј, автор на романите како „За кого бијат камбаните“ и „Старецот и морето“, е роден во Оук Парк, Илиноис. Влијателната американска книжевна икона стана позната по неговата директна проза и употребата на потценување. Хемингвеј, кој во својата работа се занимаваше со теми како што се борбите со […]

Немаме доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети


Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска, на средба со новинарите, рече дека во нашите музеи и локалитети нема доволно кустоси, поради што, многу често, странски водичи на туристичките групи им раскажуваат поинаква историја. -Во археолошките и други локалитети треба да имаме кустоси кои ќе ги пречекаат туристите и […]

Донарума во шок: Провалници влегле во куќата на голманот на ПСЖ, ги врзале него и неговата девојка


Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума и неговата девојка доживеаја шок во четвртокот навечер. На италијанскиот фудбалски репрезентативец Џанлуиџи Донарума и неговата девојка Алесија Елефанте им била ограбена куќа ноќта меѓу четвртокот кон петокот. Во средината на ноќта неколку мажи упаднале во нивната куќа и ги ограбиле. Донарума и девојката биле врзани и соблечени и оставени […]

Рафаел Надал се одмора на грчките острови во Јонско Море со сопствена јахта


  Додека се лечи од операцијата на мускулот во колкот, повреда здобиена на Отвореното првенство на Австралија во јануари годинава, Рафаел Надал реши да замине на одмор со својата јахта. Шпанскиот тенисер ги одбра грчките острови во Јонското Море. Локалните медиуми објавуваат вести и фотографии од неговиот престој на островите Крф, Итака и Меганиси.  Надал […]

Улично куче спасило бебе фрлено во црно кесе во Либан


Новородено девојче е пронајдено напуштено во вреќа за отпадоци што ја носело улично куче  во северниот либански град Триполи во средата, објавија локалните медиуми, што доведе до бес низ целата земја поради инцидентот. Десетици луѓе ширум Либан се огласија на социјалните мрежи за да го осудат напуштањето на новороденчето и понудија да го посвојат, откако […]