Го сметаа за наследник на Бред Пит, а потоа исчезна: Како изгледа Џош Хартнет денес (Фото)


Актерот Џош Хартнет се прослави со улогата во филмот „Перл Харбор“, а поради неговиот талент и шарм јавноста веруваше дека тој ќе биде наследник на холивудскиот актер Бред Пит.

По неколкуте успешни улоги во филмовите како што се: „40 дена и 40 ноќи“, „Холивудски детективи“, „Black Hawk Down“ и многу други, актерот реши да го одбие сјајот и гламурот на Холивуд што му беа понудени во тоа време.

„Се чувствувам како малку да се оддалечив од Холивуд бидејќи не бев подготвен за сето тоа внимание. Не сакав да обрнувам внимание на секој збор и сакав природно да растам и да се развивам, па решив во тој момент дека животот на филмска ѕвезда не е за мене”, вели Џош и додава:

„За моето ментално здравје и мојата кариера, најдоброто можно нешто беше да се држам настрана од Холивуд“, изјави Хартнет во едно интервју.

На помлади години Хартнер одби многу големи улоги и го посвети своето време на пишување сценарија.

Во меѓувреме, тој тајно се ожени со англиската актерка Тамзин Егертон во 2021 година. Парот се запозна на снимањето на филмот „Љубивници“ во 2011 година, а сега имаат три деца. Имињата на децата се уште не се откриени, бидејќи парот го чува приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

Џош Хартнет денеска го слави својот 45 роденден, а големото враќање на филмското платно го одбележа со улогата во филмот „Опенхајмер“, на чија премиера во Лондон неодамна присуствуваше.