Што е Фабриова болест и кои се нејзините симптоми?


Пациентите кои боледуваат од Фабриова болест можеби со години немаат никакви проблеми, а еве некои од првите симптоми. Фабри болеста (акроним ФБ) или Андерсон-Фабри болеста е генетски детерминирана, наследна болест. Настанува како резултат на промена на х-хромозомот, кога гликосфинголипидите се акумулираат на внатрешниот слој на крвните садови (ендотел), на бројни внатрешни органи, на нивните епителии […]

И Битолското културно лето влезе во менгемето на политиката


  БИТОЛА – Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето. Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и […]

Арсовска: Мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента, но не сакаме да ризикуваме!


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска истакна дека според прелиминарните резултати мостот „Беласица“ може да биде пуштен за пешаци, велосипедисти и една лента. Сепак, како што вели, не сакаат да ризикуваат. „За 20 дена се очекува да заврши експертизата и тогаш ќе се знае подетално каква интервенција треба“, порача Арсовска.

Меџити утрово пиел кафе со Јовев, но одлуката за разрешување не ја менува


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска информираше дека првото утринско кафе го испил со докторот Сашко Јовев и дека тој ќе продолжи да работи во Клиниката за кадриохирургија. -Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата. Ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор и професор за понатамошната работа. Ќе видиме дали ќе има нов […]

Се работи бездомните лица да добијат квалификации за да се вработат


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на научно-стручната расправа за научно-истражувачката студија која ја изготви истражувачки тим во рамки на проектот „Патеки на бездомните лица: пред и за време на бездомништвото“. Научно-стручната расправа е  во организација на Факултетот за безбедност – Скопје. „Појавата на бездомништвото во Република Северна Македонија е присутна веќе […]

Во едно прилепско училиште очекувале 190 првачиња, а им се запишале 50


За 40 насто е намален бројот на запишани првачиња во 10-те прилепски основни училишта во официјалниот рок до 1 јуни. Според списокот од МВР за деца на возраст за упис во прво одделение се 802, а до 1 јуни во основните училишта се запишани 480. Гоце Бумбароски, советник за млади при прилепската локална самоуправа и […]

Ханиф Зендели избран за нов заменик претседател на Судскиот совет


Ханиф Зендели е избран за нов заменик претседател на Судскиот Совет. По предлог на членот Ивица Николовски, на денешната 444-та седница на Судскиот совет, со девет гласа „за“ и еден „против“, Зендели беше избран за нов заменик претседател на местото од Селим Адеми. – Сигурно дека ќе се трудам максимално да дадам придонес да ги […]

Душан Митрев ја презеде функцијата генерален директор на Пивара Скопје


Од 1 јуни годинава нов генерален директор на Пивара Скопје е Душан Митрев. Тој на оваа позиција доаѓа по Горан Сладиќ кој продолжува да раководи со деловните операции на Coca-Cola HBC во Нигерија. -Навистина се радувам што повторно доаѓам дома, во Пивара Скопје, на чело на тимот и средината кои многу добро ги познавам. Тргнувајќи […]

Еврозоната влезе во рецесија


  Еврозоната падна во рецесија, покажуваат новите податоци, пренесува британски „Гардијан“. БДП низ еврозоната се намали за 0,1 отсто во првиот квартал од оваа година, што е пониско од претходната проценка. Тоа уследи по намалувањето на БДП од 0,1 отсто во четвртиот квартал од минатата година, што значи дека еврозоната се намалува два квартали по […]

Жители на регионот на Горна Река со протест – без дозвола се сечат дрвја


Со полчасовна блокада на локалниот пат Бунец-Леуново на влезот во НП „Маврово“, група граѓани и членови на здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ изразија револт, за, како што наведоа, еколошката катастрофа што се случува на површините на Националниот Парк „Маврово“. Реакцијата на собраните граѓани се однесуваше на активности што се спроведуваат на планината […]

Во Берлин на Светска специјална олимпијада и двајца атлетичари од Тетово


Атлетскиот селектор Ифраим Љута и натпреварувачот Агрон Хајредини ќе го претставуваат Тетово во групата спортисти од Македонија кои ќе учествуваат на Светските олимписки игри за лица со попреченост што ќе се одржат во Берлин, Германија од 15 до 26 јуни.  Селекторот Љута покрај со Агрон Хајредини на игрите ќе се се натпреварува и со атлетичарката […]

Зимата беше топла – пониски сметки за парно на порамнувањето


Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април. Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури. Токму затоа најголем […]

Шенен Доерти објави дека ракот ѝ се проширил на мозокот


Американската глумица Шенен Доерти, можеби најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот. „На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти […]

Тие што имале интегритет во Судскиот совет – си дадоа оставки


Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова и апелациониот судија Зоран Герасимовски ги образложија причините за оставките што ги поднесоа како членови на Судскиот совет, откако работењето во ова тело повеќе се препознава по скандали, отколку по одлуки. Нивниот гест го пофали сменетата претседателка Весна Дамева нарекувајќи ги  судии со интегритет, што требаше да биде порака до останатите […]

Четири големи кинески државни банки ги намалија каматните стапки на депозитите во долари


  Четирите главни кинески државни заемодавачи ги намалија каматните стапки на депозитите во долари, бидејќи силната побарувачка за американската валута во банкарскиот систем помогна да се доведе јуанот на најниско ниво во последните шест месеци. Банките неодамна ја намалија горната граница на каматните стапки за фирмите и физичките лица. Некои од филијалите на провинциските банки […]

Поради протест, блокиран сообраќајот на патот Гостивар-Маврово кај националниот парк Бунец


АМСМ информира дека поради протест ќе има времен прекин на сообраќајот кај националниот парк Бунец. „Во 10 часот, на патниот правец Гостивар-Маврово кај национален парк Бунец, започнат е јавен собир на околу 100 од жители од с. Горна Река. Сообраќајот е блокиран“, соопшти АМСМ.

Премиера на филмот „Совршен број“ на Кшиштоф Зануси во Кинотеката


Пред самиот крај на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал, вечер во 18:30 часот во Кинотеката, премиерно ќе биде прикажан филмот „Совршен број“ на Кшиштоф Зануси. Легендарниот режисер, добитник на „Златен лав“ во Венеција во 1984 година, наградуван на Кан, Локарно, Берлин, Монтреал, Токио – Зануси, пристигнува во Скопје како гостин на Фестивалот, а публиката […]

Маж со нож избодел шест деца во парк во Франција, три се во критична состојба


Неколку деца се избодени со нож во напад во парк во близина на езерото Анеси, во југоисточна Франција, јавија локалните медиуми. Нападот се случил утрово околу 9.45 часот, а во него вкупно осум лица се избодени со нож, додека три се во критична состојба. На местото на настанот пристигнала вооружена полиција која брзо го совладала […]

Привремено преместена полициската станица во Аеродром


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на ул. „Димитар Туриманџовски“ бр. 1. Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, […]