Земјотрес од 4,8 степени регистриран во близина на Атина


Земјотрес со јачина од 4,8 степени беше регистриран кусо по 15.30 часот по локално време, во близина на грчкиот град Аталанти на околу 150 километри од Атина, а беше почувствуван и во грчката метропола. Според Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил 13 километри југозападно од Аталанти. Засега нема информации за […]

Пенов: Циркуларната економија не е само тренд, туку реална потреба за да се зголеми отпорноста на еко системот


Управувањето со отпадот се уште е голем предизвик кај нас, уште повеќе што во област, спроведувањето на европските директиви бара ангажирање на големи финансиски ресурси, но и знаење. Затоа е важно да се аплицираат нови решенија, кои што исовремено ќе направат промени во повеќе сфери, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во рамки на […]

Годишната инфлација во Албанија во мај достигна 4,7 отсто


Инфлацијата во Албанија продолжува да бележи ниски нивоа, во споредба со минатогодишните рекорди и таа во мај достигнала стапка од 4,7 отсто. -Од октомври минатата година кога индексот достигна рекордно ниво од 8,3 проценти, таа забележува значителни знаци на забавување седми месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година. Цените споредено со декември се преполовени, […]

Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија


Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција. -Тоа е многу добар капитален проект и треба да се […]

Промовирани 23 доктори на науки на УКИМ


На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска беше одржана промоција на доктори на науки од областа на медицинските науки и здравството, техничко-технолошките науки и хуманистичките науки. -Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје,  проф. д-р Никола Јанкуловски промовираше 23 доктори на науки, кои одбраниле докторски дисертации на Медицинскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот […]

Во САД се зголеми бројот на барања за бенефиции за невработени, најмногу од октомври 2021 година


Бројот на барања за бенефиции за невработени поднесени од американски државјани минатата недела се искачи на највисоко ниво од октомври 2021 година. Бројот на Американци кои поднесоа такви барања достигна 261.000 во неделата што завршува на 3 јуни. Тоа е зголемување за 28.000 луѓе во однос на претходната недела, покажуваат најновите податоци на Министерството за […]

Стразбур најавува нов притисок да се применат пресудите за ОМО „Илинден“ во Бугарија


  Оделот за спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во Стразбур ги нарече „неоправдани одбивања од страна на судовите во Бугарија да регистрираат здруженија со цел да да се постигне признавање на ‘македонското малцинство во Бугарија’“, а врз основа на наводна национална безбедност, заштита на јавниот ред и правата на другите, поради […]

Сопственикот на хациендата на Стрежевско Езеро уште лани барал приклучок за вода, ама не добил 


  БИТОЛА – Бурни реакции и обвинувања во јавноста и на политичката сцена во Битола по обелоденувањето на сторијата во „Независен“ за хациендата што никнува покрај Стрежевското Езеро во заштитена зона од каде цела Битола пие вода и се наводнува Пелагониско Поле. Ама, за жал, не била само хациендата, туку околу неа на истата локација, […]

Ако ја пропуштите шансата некои други ќе ја искористат и ќе влезат во ЕУ, вели амбасадорот Гир


  Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, синоќа укажа дека доколку не се направат уставните измени, како што стои во преговарачката рамка процесот за пристапување кон Унијата ќе биде во застој, скринингот ќе прекине и преговорите нема да напредуваат. „Тоа ќе значи дека сте ја пропуштиле шансата, но некои други ќе ја искористат и […]

Ѓоковиќ пред големата пресметка го однел Алкараз во елитен ресторан, им потпишал чинија на домаќините


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ направи несекојдневен потег во пресрет на полуфиналната пресметка на Ролан Гарос со Карлос Алкараз, со тоа што главниот конкурент за титулата го изнесе на вечера во Париз. Двајцата беа гости на познатиот италијански ресторан „Сиена“, а Шпанецот сепак пристигна подоцна и не беше фотографиран со Новак додека српскиот ас влезе […]

Италијанска пратеничка го доеше своето дете на седница на парламентот, доби аплауз


  Вчера италијанската пратеничка Џилда Спортиело го искористи правото да го дои своето дете за време на седница на парламентот, со што стана првата жена што го направила тоа во Италија. Оваа 36-годишна членка на претставничкиот дом го доела својот двомесечен син Фредерик, а колегите ја наградиле со громогласен аплауз за овој чин. Иако некои […]

Мицкоски и потврдува и условува околу поддршката за уставните измени


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Кочани повтори дека нивниот услов за да евентуално да гласаат за уставните амандмани би бил влада без ДУИ до избори и уставните амандмани да станат ефективни тогаш кога земјава ќе стане членка на ЕУ. -Од лидерската средба вчера важно е да констатираме дека во овој момент Владата […]

Руската елита е уморна од војната и престанува да верува во Путин


  Војната во Украина, која требаше да трае неколку дена и да заврши со соборување на владата на Владимир Зеленски, сега е во својот 16-ти месец. Откако добија оружје од земјите на НАТО, вооружените сили на Украина се подготвија да повратат речиси 20% од окупираната територија на земјата. Војната се прошири и во Русија: гранатирање […]

Рама им доставил на Макрон и Шолц нацрт за ЗСО


Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред се и да се деескалира ситуацијата, полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето, којзнае по колку години ќе се врати на маса, изјави албанскиот […]

Шаќири: Располагаме со 720 образовни асистенти, доколку има потреба бројката ќе се зголеми


Располагаме со 720 образовани асистенти и доколку има потреба ќе биде ангажиран дополнителен кадар за што ќе биде поднесено барање до Министерството за финансии, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири. По доделувањето грантови во рамки на Проектот на ОБСЕ „Градиме нови мостови“, на новинарско прашање дали МОН располага со доволно образовни асистенти бидејќи, наводно […]

8 јуни во историјата – Почина Мухамед, пророкот којшто го прошири исламот


  Во Медина, која се наоѓа во денешна Саудиска Арабија, Мухамед, еден од највлијателните верски и политички лидери во историјата, умира во прегратките на Ајша, неговата трета и омилена сопруга. Роден во Мека со скромно потекло, Мухамед се оженил со богата вдовица на 25 години и ги живеел следните 15 години како незабележителен трговец. Во […]

Грантови за училишта за активности на ученици со различно етничко потекло


Четиринаесет училишта добија грантови за спроведување заеднички наставни и воннаставни активности на ученици од различно етничко потекло, кои следат настава на различни наставни јазици. Целта на активностите е јакнење на соработката и довербата помеѓу младите, а финансиските средства за нивна реализација се обезбедени преку проектот „Градиме нови мостови“ кој беше најавен на почетокот на годинава […]

РКЕ донесе правила за сајбер безбедност за енергетските компании


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Правила за сајбер-безбедност со цел да се обезбеди сигурност во снабдувањето и да се намалат ризиците од нарушување на континуирано снабдување со електрична енергија, информираат од регулаторното тело. Како што посочуваат, новата регулатива за сајбер безбедност се воспоставува како стандард за енергетски компании од електроенергетскиот сектор […]

Да се прекине „популизмот во економските политики“, неопходно е да се обединиме околу бизнисот, порача Азески


Да се подигне на највисоко ниво одговорноста на функционерите и административците, да се заштити земјата од злоупотреба на моќ, да се укинат управните одбори во институциите кои ги има вкупно 1.320 со 129.000 вработени, да се спречи нерегуларното користење на службените возила со воведување посебни регистарски ознаки, да се ревидираат неработните денови и да се […]

Маричиќ предлага работни групи со ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени


  Доколку опозицијата чувствува спремност, ние сме подготвени уште веднаш да се формираат некакви работни групи или тимови кои ќе разговараат како да се имплементира прашањето по однос на уставните измени, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, по вчерашната лидерска средба помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.  Вицепремиерот позитивно го оцени одржувањето на лидерската […]