Ѓоковиќ пред големата пресметка го однел Алкараз во елитен ресторан, им потпишал чинија на домаќините


Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ направи несекојдневен потег во пресрет на полуфиналната пресметка на Ролан Гарос со Карлос Алкараз, со тоа што главниот конкурент за титулата го изнесе на вечера во Париз.

Двајцата беа гости на познатиот италијански ресторан „Сиена“, а Шпанецот сепак пристигна подоцна и не беше фотографиран со Новак додека српскиот ас влезе во ресторанот опкружен со фоторепортери, пренесува Mondo.rs.

Очекувано, Ѓоковиќ привлече огромно внимание, а главниот готвач на ресторанот му донел дури и чинија на која побарал потпис, па тенисерот се потпишал.

Полуфиналниот натпревар меѓу Ѓоковиќ и Алкараз е закажан за утре не порано од 14 часот и 45 минути.

Во случај Ѓоковиќ да го победи Алкараз и потоа да го освои трофејот, во понеделник ќе ја врати лидерската позиција на следната АТП листа.