(Галерија) Свечена вечер над македонското небо, достојна Денот на македонскиот јазик


Цитати кои будат длабоки чувства за македонскиот идентитет, литература и култура, за нашата самобитност, гордо и моќно се испишани преку видеопроекции на повеќе објекти во државава, а се од: Блаже Конески, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, Константин Миладинов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски, Ацо Караманов, Ацо Шопов,Видое Подгорец, Лазо Каровски, Влатко […]

Наместо патишта за сиромашните, ЕУ со парите ќе прави оружје за Украина?


Во рамките на програмата наречена ASAP, Европската комисија ќе „ослободи“ 500 милиони евра за да ги зголеми производните капацитети во фабриките од воената индустрија. Брисел ќе ги искористи средствата наменети за изградба на патишта и аеродроми во посиромашните држави на Европската унија за да го поттикне производството на оружје низ целиот блок. Во корист на […]

Земјотрес од 5,7 степени го погоди јапонскиот остров Хокаидо


Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вечерва јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Земјотресот се случил на длабочина од 75 километри, додадоа од ЕМСЦ. Претходно денеска едно лице загина, а 13 се повредени во земјотресот што го погоди централниот дел на Јапонија.

Земјотрес со јачина од 4,6 степени во турската провинција Кахраманмараш


Земјотрес со интензитет од 4,6 степени е регистриран денеска во југоисточната турска провинција Кахраманмараш, која беше епицентарот на разорните земјотреси на 6 февруари. Според владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот е регистриран во 17 часот и 52 минути, епицентарот бил во градот Ѓоксун, а неговата длабочина била 7,55 километри. Засега […]

Викендов авионско прскање против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 6 и 7 мај (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските […]

Украина, Русија, Турција и ОН не постигнаа договор за извозот на жито


Украина, Русија, Турција и Обединетите нации не постигнаа договор во текот на денешните преговори за извозот на жито. Портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека не е дадено овластување на ниту еден нов брод за извоз на жито преку Црното Море. Тој додаде дека продолжуваат секојдневните инспекции на претходно одобрените бродови.

Македонија промовираше оригинален рецепт за мир, рече Ковачевски во ОН


  Со дијалог, разбирање, толеранција и компромис може да се решат и најтешките прашања, а со тоа да се отворат нови перспективи за пријателство и соработка. Во текот на овие 30 години членство во Обединетите нации, Македонија постепено ги решаваше прашањата со своите соседи користејќи цврста и постојана политика на добрососедство, истакна премиерот Димитар Ковачевски […]

Недоразбирање во сообраќајот заврши со групна тепачка


Вчера се степале четири лица во скопското село Мирковци. -На 04.05.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 01.05.2023 околу 17.00 часот во с.Мирковци, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(26) од Скопје од една страна и С.А.(42), А.А.(39) и Е.У.(31) од друга страна, сите […]

Странски вооружени сили доаѓаат во земјава заради учество во обука


Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, ја разгледа и усвои и Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Immediate Response – 23“ и донесе таква Одлука. Станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите […]

Влада: Почит за жртвите во ужасните инциденти во Србија, засилени мерки и во нашите училишта


Владата на Република Северна Македонија, денешната седница ја започна со едноминутно молчење и оддавање почит кон жртвите во двата ужасни инцидента, што се случија во Република Србија, во Белград и во близина на Младеновац.     На владината седницата надлежните министерства информираа за активностите што се преземаат во нашата држава, во делот на превенција во […]

Повеќе наплатни пунктови на ЈСП не работат – билет само со мобилен


Повеќе наплатни пунктови на ЈСП „Скопје“ не работат, па граѓаните кои се возат со автобусите на јавното претпријатие во Скопје, мора да платат билет во автобусот, со мобилен телефон. Цела недела затоврени се билетарниците во Ново Лисиче, кај ООУ „Лазо Ангеловски“, како и онаа кај почетна 23-ка, односно кај Дом на печат. Наплатниот пункт пак, […]

Од октомври пониски цени во роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ


Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг […]

Асанж го кани Чарлс Трети да го посети во затвор


Лондон- Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, испрати писмо до Чарлс Трети во кое го покани да го посети во лондонскиот затвор Белмарш, каде се наоѓа повеќе од четири години додека се одвива судскиот спор против обидот за негово екстрадиција во САД. Асанж е однесен во затвор откако беше изнесен од Амбасадата на Еквадор во Лондон, […]

Kолку „тежат“ кандидатите за ректор на УКИМ?


Универзитетската изборна комисија веќе ги разгледа и ги прифати сите шест пријави на кандидатите за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои стигнале пред завршувањето на крајниот рок. И официјално, кандидати за нов ректор станаа актуелната проректорка за финансии Биљана Ангелова од Економскиот институт; Горан Ајдински од Филозофскиот факултет; неговиот колега […]

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирусот


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на коронавирус, откако денеска соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација. Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради коронавирусот, потсетуваат британските медиуми. Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на […]

Принс почестен со автопат во Минесота


Минеаполис– Седум години по неговата смрт на 57-годишна возраст, музичката легенда Принс е почестен во неговата родна држава Минесота со автопат именуван по него. Со гласање од 55 спрема 5, Сенатот на Минесота гласаше за преименување на делот од 7 милји од државниот автопат 5 во Меморијалниот автопат на Принс Роџерс Нелсон. Автопатот минува низ […]

Русија почна евакуација на жителите од окупираните региони Запорожје и Херсон


  Русија почнува да ги евакуира жителите од областите кои ги држи под окупација – Херсон и запорожје. Државната новинска агенција Тасс објави дека планот за евакуација на цивили од близина на линијата на фронтот во окупираната Запорожје вклучува преместување на 70.000 цивили. Таа го цитира Андриј Козенко, поставен од Русија министер за економија на […]

Тринаесет проценти раст на нето-платите во ТИРЗ и десет отсто поголема нето-добивка


Динамиката на раст на нето-платата во ТИРЗ ја надминува динамиката на раст на нето-платата во националната економија. Регистрираме близу 13 проценти зголемување на нето-платата во 2022 година во однос на 2021-ва, но тоа не е доволно. Сметам дека ова е поле во кое можеме да вложиме напор за дополнително да го подобриме животниот стандард на […]

Разузнувачи ќе проверуваат дали Македонците што бараат бугарски пасоши се Бугари


Агентите на Државната агенција за национална сигурност (ДАНС) ќе се приклучат на новоформираниот Советодавниот совет на Извршната агенција за Бугарите во странство. Агентите заедно со историчарите во Советот ќе проверуваат дали странците кои бараат бугарско државјанство, а немаат документи со кои се потврдува нивниот корен, навистина имаат бугарско потекло. Таков проблем наводно имаат  потомците на Бугарите […]

Српската влада ги усвои мерките што ги најави претседателот Вучиќ по масовните убиства во Младеновац


Српската влада ги усвои мерките што денеска ги најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а кои беа предложени по злосторството во Младеновац. Во соопштението до јавноста од срспката Влада се наведува дека Министерството за внатрешни работи итно ќе подготви измени на Законот за оружје и муниција со кои би се заостриле условите за чување и […]