Спасовски: Полициските службеници се симболот на доверба во институциите


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција упати честитка до припадниците на македонската полиција, вработените во МВР. -Ова е ден на кој оддаваме признание на полициските службеници кои ги доведуваат во опасност сопствените животи, додека ги извршуваат своите работни задачи во служба на граѓаните и на државата. […]

Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија


Денеска се навршуваат 32 години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија.         – Роден е во Кавадарци на 31 октомври 1971 година, основно и средно училиште завршил во родниот град. По завршување на средното образование заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА […]

6 мај во историјата – Со катастрофата на „Хинденбург“ заврши ерата на цепелините


  Цепелинот Хинденбург, најголемиот дирижабл некогаш изграден и гордоста на нацистичка Германија, се запали при допирањето на јарболот за прицврстување во Лејкхарст, Њу Џерси, при што загинаа 36 патници и членови на екипажот, на 6 мај 1937 година. Французинот Анри Гифар го конструирал првиот успешен воздушен брод во 1852 година. Неговиот воздушен брод наполнет со […]

Времен режим на сообраќај на улиците „Даме Груев“ и „Александар Урдаревски“


ЈП Улици и патишта Скопје ги известува граѓаните дека денеска поради изведба на градежни активности за реконструкција  на коловозот, односно машинско гребење на оштетениот асфалт, на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде воведен […]

Сто книги стари над 100 години во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарско Бабино


Македонската и светската јавност недоволно ја користи приликата да ги погледне ретките и уникатни книги кои постојано се изложени во библиотеката „Ал-Би“ во демирхисарското село Бабино. Стево Степановски, сопственик на библиотеката, за МИА вели дека честопати не сме свесни со колкави богатства располагаме, а тоа што неговите претци го оставиле, за него освен што е […]

(Во живо) Крунисувањето на Чарлс Трети: Церемонија која се случува еднаш во генерација


Британците се пробудија денеска за долгоочекуваниот кралски настан кој се случува еднаш во генерација: крунисувањето на кралот Чарлс Трети и кралицата Камила на голема церемонија во Вестминстерската опатија во Лондон. Иако Чарлс стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора во септември минатата година, крунисувањето е формално устоличување на монархот. На церемонијата која […]

ДЛУМ на годишно Собрание ќе избира членови на Управен и Надзорен одбор и на Уметничкиот совет


Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) денеска во Домот на Армијата ќе одржи годишно Собрание. Според Дневниот ред, ќе се бираат нови членови на Управен и Надзорен одбор, како и на Уметничкиот совет. На Собранието, исто така, од страна на ДЛУМ ќе бидат презентирани досегашните активности и идните планови на здружението. Како што е […]

Поради улична трка дел од автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат со изменет режим


 Поради одржување на улична трка „Халк Еко Скопје трча 10 км“ утре во периодот од 08 до 11:30 часот повеќе линии од јавниот градски превоз ќе имаат изменет режим на движење.  Од Јавното сообраќајно претпријатие информираат дека по изменета траса од вообичаената ќе сообраќаат линиите 2, 4, 7, 8, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, […]

Отворен ден на ФЕИТ


Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), заедно со факултетското студентско собрание при ФЕИТ, денеска напладне организираат отворен ден „Coffee@FEIT edition 3.0“ во дворот на Факултетот.  Настанот, како што посочуваат од ФЕИТ, има неформален карактер на кој ќе се дружат студентите, наставниот кадар и сите средношколци. Присутните ќе може да учествуваат и да се забавуваат […]

Во државата се регистрирани околу 180.000 парчиња на оружје, проблем е нелегалното


Последните случувања во соседна Србија каде малолетник пред два дена со пиштол уби и повреди соученици и 21-годишно момче со пиштол уби и рани повеќе лица, го отворија прашањето колку и како оружјето им е достапно на децата. Каква е состојбата со оружјето кое го поседуваат граѓаните во земјава и каква е законската регулатива, МИА […]

Критики за европското знаменце на законите за коридорите, реакции и за прекувремената работа


Владата вчера усвои измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д и ги достави до Собранието со европско знаменце. Целта, како што образложи, е да се овозможи усвојување на законските измени што се блокирани во Собранието, како и да се забрзат процедурите и да се намалат роковите заради ефикасност […]

Велика Британија и кралското семејство: кој е член и што работи кралот


  Сабота, 6 мај, кралот Чарлс Трети – станува 40-тиот британски монарх крунисан во Вестминстерската опатија. Тој стана крал веднаш по смртта на неговата мајка, Елизабета Втора, во септември 2022 година. Што работи кралот? Кралот во Велика Британија е шеф на државата. Сепак, неговите овластувања се симболични и церемонијални, а тој останува политички неутрален. Секојдневно […]

Пендаровски на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети


 Претседателот на државата Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска ќе присуствува на церемонијата на крунисување на британскиот крал Чарлс Трети.  На церемонијата на крунисување најавени се повеќе од 2.200 гости меѓу кои шефови на држави, познати имиња и хуманитарни организации од 203 земји, како и членови на кралското семејство.

Евроамбасадорот Гир на отворање на „Europe House“ во Битола


Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска официјално ќе ја отворат „Europe House“ во овој град. Отворањето го означува почетокот на активностите на Денот на Европа 2023 година на Делегацијата на Европската унија. Отворањето на Europe House ќе вклучува најразлични активности, а започнува со дебата со студентите од Правниот факултет при Универзитетот […]

Нова надеж за болните од Алцхајмеровата болест: Новиот лек драстично ја успорува болеста


  Можно е да сме на прагот на нова ера на лекување на Алцхајмерова болест. Имено, се покажа дека веќе вториот лек за помалку од една година ја успорува оваа болест. Експертите рекоа дека сега сме „на прагот“ на достапноста на лекови, нешто што неодамна изгледаше невозможно, пишува Би-Би-Си. Фармацевтската компанија „Ели Лили“ објави дека […]

Органски пазар во Јавна соба


На зелената тераса во Јавна соба во Скопје од денеска е отворен органски пазар – Пазарче.орг. Со ова, почнува третата сезона на промоција и продажба нa органска храна во земјава. Пазар.орг е во организација на Јавна соба во соработка со Бакалница.нет, Зелена Република и Прва Органска Задруга. Како што е најавено, посетителите, покрај дегустацијата која […]

Најубавите традиционални македонски бисери прозвучија како класични дела


Македонски традиционални мелодии преработени уметнички како класични дела беа изведени на концертот што се одржа вчеравечер во организација на НУ „Охридско лето“. „Деспина“, „Дафино“, „Налеј, налеј“ „Чифлик“, „Тиквешки марш“ беа дел од композициите кои ја воодушевија публиката во катедралната црква „Света Софија“. Концертот е авторски проект на еден од најистакнатите македонски уметници Љупчо Коскаров кој […]

Јубилеен државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта


Во организација на здружението Антика и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи јубилејниот 50. државен натпревар по класични јазици за учениците од гимназиите и средните училишта. Учениците ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот и според струката: почетно ниво за гимназија латински и […]

Авионско прскање против комарци во Скопје


Денеска и утре во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци. Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не се добри, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. -Се известуваат пчеларите навреме да […]

Сончево и топло со максимална температура до 25 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 18 до 25 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. […]