Во Охрид наредните денови посебен сообраќаен режим и засилени безбедносни мерки


Пoсебен режим на одвивањето на сообраќајот со засилени безбедносни мерки ќе бидат во сила во Охрид во периодот од утре заклучно со 11 мај, како за централната манифестација на одбележување на Денот на македонската полиција, така и за 50. Европска регионална конференција на Интерпол. Според информациите од СВР – Охрид, активностите ќе бидат насочени кон […]

Европратеникот Андреј Ковачев се жали дека не му бил дозволен влез во Македонија


  Македонската гранична полиција не дозволила влез во земјава на бугарскиот европратеник од ГЕРБ Андреј Ковачев, како и на Милен Врабевски и на уште тројца Бугарски државјани, јави денеска бугарската новинска агенција БГНЕС. Според агенцијата, тие сакале да учествуваат на одбележувањето на Ѓурѓовден во Ново Село, Струмица. „За жал, не ни дозволија да одиме на […]

Јелена Мишиќ избрана за претседателка на ЛИДЕМ


– Реформите во образованието и дигитализацијата се две од најважните области за развојот на нашата држава, во денешно време, кога се соочуваме со бројни предизвици и промени, неопходно е да ги подобриме нашите образовни системи и да ги интегрираме новите технологии во нашите училници. Токму затоа ја усвоивме и Декларацијата за реформи во образованието, истакна […]

Отворена Европска куќа и во Битола, стартуваа свеченостите за Денот на Европа


Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот Тони Коњановски во присуство на вицепремоерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска во битолскиот офицерски дом отворија Европска куќа Битола. Со отворањето на Европска Куќа Битола, како што истакна евроамбасадорот Гир, делегацијата на ЕУ во земјава ги почна свеченостите посветени на Денот на […]

Малолетен ученик од Чаир вперил играчка пиштол кон ученици


 Малолетен ученик вчера во основно училиште во Чаир извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, по што и го предал на директорката на училиштето, потврдија од МВР за МИА. -Во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, вчера на пладне полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката […]

При симнување во автобус на ЈСП, тешко повредена 69-годишна жена


При симнување од градски автобус, 69-годишна жена од Скопје била фатена од вратата по што паднала и се здобила со тешки телесни повреди. -Во СВР Скопје вчера во 10:20 било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“, Т. А. (69) од Скопје, при симнување од градски автобус била фатена од вратата по што паднала. Таа била […]

Крунисан британскиот крал Чарлс Трети, емотивен момент со принцот Вилијам (фото)


Британскиот крал Чарлс Tрети беше крунисан на церемонија во Вестминстерската опатија со круната на Свети Едвард ставена на главата, моментот обележан со плотуни низ Обединетото Кралство. Чинот на крунисувањето се одржа на половина од двочасовната церемонија предводена од надбискупот од Кентербери, Џастин Велби. Пред тоа, Чарлс Трети положи заклетва за крунисување потврдувајќи дека ќе ги […]

Пратеничката Зајкова бара да се забрани „Тик-ток“ и други социјални мрежи кои поттикнуваат насилство


Наместо да седиме шокирани и тивко да тагуваме и коментираме на социјалните мрежи на време да реагираме и да дејствуваме со конкретни превентивни мерки и акции, посочи денеска на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина, претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова. – Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам […]

Од понеделник пороен дожд и грмежи


Управата за хидрометеоролошки работи УХМР соопшти дека утре ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време, попладне со изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури утре до 12 степени, а максималните до 26. -В понеделник попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде на повеќе места, а од вторник следува […]

Полицијата приведе девојче кое на ТикТок се потсмеваше со жртвите од пукањето, во Нови Сад приведени тројца малолетници


Девојчето кое се потсмеваше со жртвите од масакрот што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар на ТикТок е приведено во полиција на информативен разговор, јави дописникот на МИА од Белград. – Се работи за малолетничка. Со неа е извршен информативен разговор. Против родителите ќе биде поднесена соодветна пријава, но за тоа одлучува обвинителот, […]

Надал го пропушта мастерсот во Рим


 Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти претстојниот мастерс турнир во Рим бидејќи и натаму има проблеми со повредата на колкот. „Жал ми е што морам да соопштам дека нема да можам да бидам во Рим. Сите знаете колку ме боли што морам да пропуштам уште еден турнир кој има посебно место во мојата кариера […]

„Еуроникел индустри“ се подготвува да отпочне со редовно производство


  Металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“ соопшти денеска дека се подготвува да отпочне со редовно производство. „Менаџментот и инвеститорите, посветено работат на отпочнување со редовно производство и рестартирање на сите процеси до целосна активност на комбинатот. Се прават подготовки за постепеното активирање на сите процеси, што вклучува набавка на суровини, замена на потрошни материјали, достигнување на […]

Признанија за првите луѓе на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ


 Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) го посвети на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК при УКИМ) и остварувањата во афирмацијата на македонистиката. Од УКИМ денеска соопштија дека во знак за признание за посебен придонес за афирмацијата на македонистиката, доделиле благодарници на универзитетските […]

За четири месеци издадени лиценци за 161 фото-електрична централа


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во првите четири месеци од годинава има издадено лиценци за 161 фото-електрична централа (ФЕЦ) со моќност од 54.8 мегават часови. -Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна […]

За нелегално поседување оружје и муниција во тетовскиот регион лани 22 пријави, од почетокот на годинава пет


Во тетовскиот регион за поседување оружје и муниција без дозвола во текот на изминатите четири месеци од 2023 година откриени се и добиле кривична пријави пет лица,  додека во 2022 година откриени се 22 кои се товарат за истото дело. Осомничените лица се соочуваат со кривичното дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје […]

Денови на жалост во Србија: Денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот и пет жртви од престрелката во Младеновац


На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот, кои загинаа во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“, а во Мало Орашје ќе бидат погребани пет лица кои загинаа во престрелката кај Младеновац, јави дописиникот на МИА од Белград. На Новите гробишта во Белград ќе биде погребан М.К. во 11.30 часот, како и М.А. […]

Кети Пери, Лајонел Ричи, Џеј Блејдс и Ема Томпсон се меѓу славните гости во Вестминстерската опатија


Поп-ѕвездите Кети Пери и Лајонел Ричи го предводеа светот на шоу-бизнисот при пристигнувањето на крунисувањето на кралот во Вестминстерската опатија. Други ѕвезди кои се гледаат како се упатуваат кон своите седишта во црквата ги вклучуваат Сер Ендрју Лојд Вебер, Стивен Фрај, Ник Кејв и магионичарот Динамо, додека Ема Томпсон возбудено ги крена палците. Телевизиските омилени […]

Принцот Хари се појави во Лондон, никој не очекуваше како допатувал


  Принцот Хари само накратко ќе се појави на крунисувањето на неговиот татко, а според извори блиски до кралското семејство, тој нема да биде ниту на официјалните семејни фотографии. Според пишувањата на британските медиуми, принцот Хари не се очекува да има никаква улога во денешната прослава на крунисувањето на неговиот татко Чарлс, освен краткото појавување […]

Погледнете ги првите фотографии на кралот Чарлс пред крунисувањето


  Кралот Чарлс е фотографиран пред Бакингемската палата, каде се подготвува за церемонијата за неговото крунисување. Кралот Чарлс за прв пат е фотографиран на денот на неговото крунисување при пристигнувањето во Бакингемската палата, а изгледа дека бил целосно обземен од емоции, барем судејќи по најновите фотографии. Чарлс ја помина ноќта пред крунисувањето во Кларенс Хаус […]

Сојуз на средношколци: Да се делува брзо и ефикасно за да се превенираат и избегнат негативни ефекти


На покана на Министерот за образование и наука, Сојузот на средношколци учествуваше на вчерашната средба со универзитетските професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки, која се одржа во просториите на МОН. Оваа средба е првата фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на […]