Погледнете ги првите фотографии на кралот Чарлс пред крунисувањето


 

Кралот Чарлс е фотографиран пред Бакингемската палата, каде се подготвува за церемонијата за неговото крунисување.

Кралот Чарлс за прв пат е фотографиран на денот на неговото крунисување при пристигнувањето во Бакингемската палата, а изгледа дека бил целосно обземен од емоции, барем судејќи по најновите фотографии.

Чарлс ја помина ноќта пред крунисувањето во Кларенс Хаус и сега ќе започне со подготовки за патување во Вестминстерската опатија на церемонијата.

Неговата сопруга Камила, исто така, ќе биде крунисана за кралица за време на традиционалната богослужба, при што ќе присуствуваат членовите на кралското семејство како принцот и принцезата од Велс, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Повеќе високи гости веќе пристигнаа во Вестминстерската опатија. Во клупите на тој историски објект фотографи и бројни камери веќе уловиле некои познати личности. Актерката Џуди Денч беше меѓу првите кои пристигнаа во опатијата. Покрај неа, во опатијата беше виден и пејачот Ник Кејв, а фотографите ги фатија актерките Ема Томпсон, Стивен Фрај, Џоана Ламли, Џеј Блејдс и други пред опатијата.

При влегувањето во самата опатија, камерите го фатија пејачот Лајонел Ричи, кој утре ќе настапи на големиот концерт по повод крунисувањето на кралот Чарлс.

Покрај Лајонел, ќе настапи и големата американска ѕвезда Кети Пери, која исто така на церемонијата пристигна во фустан во боја на  јоргован.