Наместо патишта за сиромашните, ЕУ со парите ќе прави оружје за Украина?


Во рамките на програмата наречена ASAP, Европската комисија ќе „ослободи“ 500 милиони евра за да ги зголеми производните капацитети во фабриките од воената индустрија.

Брисел ќе ги искористи средствата наменети за изградба на патишта и аеродроми во посиромашните држави на Европската унија за да го поттикне производството на оружје низ целиот блок.

Во корист на индустријата за оружје, т.е. програма за вооружување вредна две милијарди евра за производство на еден милион артилериски гранати од 155 милиметри за снабдување на Киев и за надополнување на националните резерви што се исцрпени на украинскиот фронт, ЕУ ја укина долгогодишната забрана за искористување на средствата од својот централен буџет, пренесува британски „Телеграф“.

Како дел од програмата наречена ASAP (Што е можно побрзо), Европската комисија ќе ослободи 500 милиони евра за зајакнување на производствените капацитети во фабриките кои произведуваат муниција во рамките на ЕУ.

На земјите-членки ќе им биде дозволено да ги дополнат потребните суми пари од таканаречените кохезиони фондови на ЕУ – програми што се користат за развој на посиромашни членки на блокот и нивно поврзување со побогатите соседи.

Милијарди евра од споменатите средства во минатото биле искористени за развој на аеродромите во Грција, Италија, Шпанија, Полска и Естонија, како и за изградба на патишта.

Извори на „Телеграф“ тврдат дека новиот потег на Европската комисија може да придонесе за растечкиот јаз меѓу земјите-членки, бидејќи многумина сметаат дека законите на ЕУ забрануваат финансирање за воени цели, т.е. „трошоци кои произлегуваат од операции кои имаат воени или одбранбени импликации“.

Ирска, Австрија и Малта се неутрални по ова прашање, додека Унгарија одби да испорача оружје на Украина.

Дека воените инвестиции не се против договорот со ЕУ, тврди европскиот комесар одговорен за зголемување на производството на оружје, Тиери Бретон.

„Нашата одлука е компатибилна со договорот. Инвестирањето во нашата одбрана ќе ни овозможи да ја зачуваме нашата демократија. И тоа треба да им го кажеме на нашите сограѓани“, рече Бретон на прес-конференција.

Сепак, според официјални претставници на ЕК, плановите за користење на фондот на ЕУ за зголемување на производството на оружје допрва треба да се разработат, а Европскиот парламент потоа мора да гласа за тоа.