Викендов авионско прскање против комарци


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 6 и 7 мај (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се реализира првата фаза од дезинсекцијата на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.