Повеќе наплатни пунктови на ЈСП не работат – билет само со мобилен


Повеќе наплатни пунктови на ЈСП „Скопје“ не работат, па граѓаните кои се возат со автобусите на јавното претпријатие во Скопје, мора да платат билет во автобусот, со мобилен телефон.

Цела недела затоврени се билетарниците во Ново Лисиче, кај ООУ „Лазо Ангеловски“, како и онаа кај почетна 23-ка, односно кај Дом на печат. Наплатниот пункт пак, кај ТЦ „Бисер“ има известување дека работи само прва смена. На затворените нема никаква информација.

Жителите на Ново Лисиче не можат да ги надополнат „Скопска“ картичките, па возењето со и онака нередовните автобуси ги чини поскапо. Билет за едно возење платен со мобилен чини 40 денари, додека пак, билет за 10 возења на овие наплатни куќички може да се надолони за 250 денари.

Според информации на „Независен“, дел од вработените кои работеа на наплатните пунктови заминале во пензија, дел користат одмор, па нема доволно луѓе. Оние кои работеа во затворените наплатни пунктови, се преместени во други. 

Од ЈСП „Скопје“ уште не одговориле на нашите  прашањата како планираат да ја надминат состојбата.