Странски вооружени сили доаѓаат во земјава заради учество во обука


Фото: Б. Грданоски

Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, ја разгледа и усвои и Информацијата за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Immediate Response – 23“ и донесе таква Одлука.

Станува збор за персонал и материјално-технички средства на странски вооружени сили од Соединетите Американски Држави, Република Албанија, Црна Гора и Република Косово на територијата на Република Северна Македонија кои доаѓаат во нашата држава заради учество во оваа вежба.