Недоразбирање во сообраќајот заврши со групна тепачка


Фото: Б. Грданоски

Вчера се степале четири лица во скопското село Мирковци.

-На 04.05.2023 во СВР Скопје било пријавено дека на 01.05.2023 околу 17.00 часот во с.Мирковци, скопско, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Н.(26) од Скопје од една страна и С.А.(42), А.А.(39) и Е.У.(31) од друга страна, сите од Скопје, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.