Приведен гевгеличанец кој се обидел нелегално да внесе поголема количина цигари без документација


Полицијата денеска на граничниот премин Богородица приведе едно лице од Гевгелија кај кого пронашле и одзеле 272 штеки различни видови цигари без документација со вкупна вредност од околу 300 илјади денари. -На Граничен премин Богородица, при контрола на патничко возило „опел вектра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н. М. од Гевгелија, полициски службеници од […]

Наставник поттикнал насилство меѓу ученици


Нов случај на врсничко насилство денеска бил пријавен во полициска станица во кој поттикнувач бил поттикнувач бил наставникот во училиштето. -Денеска (23.05.2023) во Полициската станица Карпош, 44-годишна жена од Скопје пријавила дека на 19.05.2023 на час во основно училиште на подрачје на општина Карпош, по претходно недоразбирање помеѓу нејзиниот малолетен син и негов соученик, наставникот […]

Го удрил со дрво по глава, па го избодел со нож: 20 години затвор за убиецот од Кавадарци


Сафет Хамза (47) од Кавадарци доби затворска казна од 20 години, откако на 15 ноември 2021 година го уби својот сограѓанин Зулфи Паша. Како што соопштија тогаш од ОЈО Кавадарци, на 15 ноември 2021 година во околу 23.30 часот, по претходна караница на Хамза со друго лице, Паша се обидел да ги смири. Хамза притоа […]

Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот


Општина Кисела Вода стана дел од Б40 мрежата на градови – лидери на Балканот, која функционира во насока на унапредување на соработката и зајакнување на демократијата. – Успесите и активностите на Кисела Вода покрај тоа што се познати и признати во државата, веќе се признати и на меѓународно ниво. Задоволство и предизвик е да се работи и […]

Столтенберг: Обуката на украински пилоти не го прави НАТО страна во конфликтот


Обуката на украинските пилоти за управување со американски борбени авиони Ф-16 не го прави НАТО страна во конфликтот, изјави денеска во Брисел генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. „Украина има право на самоодбрана… Ние ѝ помагаме на Украина да се придржува до тоа право“, изјави Столтенберг пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.   Столтенберг истакна дека одлуката […]

Италијанската влада одобри пакет помош за подрачјата погодени од поплавите


Италијанската влада денеска одобри пакет помош во вредност од над две милијарди евра за областите во регионот Емилија-Ромања погодени од поплавите, во кои загинаа 14 лица. Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека пакетот вклучува мораториуми на даноците и социјалните придонеси за погодените домаќинства и компании, пренесува „Ројтерс“.   Мелони во неделата го посети поплавениот регион, […]

Приватните автобуси од утре се враќаат на скопските улици


Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на скопските улици. Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките […]

Одреден притвор за девојчето кое со нож нападна две лица во училиштето „Руѓер Бошковиќ“


На девојчето (15) кое на 4 мај во училиштето „Руѓер Бошковиќ“ им нанело физички повреди на врсник и наставник (45), му е одредена мерка притвор, дознава „Танјуг“. Таа вчера била пуштена од психијатриската установа каде била сместена, по што била однесена пред судијата за малолетници во Вишиот суд во Белград.   Ѝ бил одреден притвор […]

Пендаровски: Белгија ќе се врати во првите 10 трговски партнери на Македонија


Белгија ја реафирмираше поддршката што и ја дава на Северна Македонија на патот кон Европската унија. Ваква порака доби претседателот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со белгискиот премиер Александер Де Кро во пресрет на  белгиското претседавање со ЕУ во првата половина на следната година. – Претпладнево имав средба со белгискиот премиер на која […]

Кирил Петков им се извини на Бугарите што ќе коалицира со ГЕРБ


  Во долга објава на Фејсбук, копретседателот на коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ), Кирил Петков, им се извини на гласачите што ветувањето дека  во кабинетот за кој ќе добијат мандат нема да има претставници на ГЕРБ – ќе остане неисполнето. Неговата изјава доаѓа откако пред еден ден и официјално беше објавено дека […]

Уапсен поранешниот градоначалник на Сараево, актуелен амбасадор на БиХ во Катар


Амбасадорот на БиХ во Катар, Абдула Скака денеска е уапсен под сомнение дека ја злоупотребил својата положба додека бил градоначалник на Сараево, од 2016 до 2020 година. Скака е приведен во просториите на МВР на кантонот Сараево, каде дал изјава, по што е уапсен. Во текот на денот, службеници на МВР на кантонот Сараево, под […]

Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази станаа обвинители


  Откако ја завршија Академијата за судии и обвинтели, денеска добија и работни места. Советот на јавни обвинители го избра Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери, за обвинител во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а Албулена Абази, сопруга на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, е […]

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално стана сопственик на дел од поранешната касарна „Илинден“


Со одлука на Владата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и формално правно стана сопственик на дел од објектите во кругот на поранешната касарна „Илинден“ каде ќе биде сместен универзитетскиот кампус. На последната владина седница просториите кои беа предвидени за оваа високообразовна установа и формално правно преминаа во нејзина сопственост.  Во дел од отстапените објекти веќе […]

Утре сообраќаен режим во Скопје, штрајкува НСОН


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре во периодот од 12:00 до 14:30 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на Град Скопје. Протестот ќе се одвива со траса на движење од Жена-парк на улица „11 Октомври“, преку улица „Димитрие Чуповски“, булевар „Св. Климент Охридски“ и […]

Уште една белгиска инвестиција доаѓа во Македонија


  Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија. Станува збор за белгиската компанија МСИЕ, која во првата фаза планира да вложи над пет милиони евра и да отвори околу 150 работни места.  Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска во Брисел  ја најави новата инвестиција рече дека преговорите со компанијата се завршени доцна вчера и се […]

На филхармоничарите што протестираа со жолти ленти – им ја блокирале сметката


Сметката на  Македонската филхармонија била блокирана од страна на Министерството за култура, објави денес денеска Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на синдикатот. Оркестарот повторно одржа мирен протест пред Министерството бидејќи се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот по одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на […]

Чадеж: Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија


Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и […]

Мост во Секирник без еден носечки столб, а по него поминуваат трактори


Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на покана на градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев, го посети мостот во атарот на село Секирник што е видливо оштетен, во лоша состојба и претставува опасност за тие што го користат. Инаку, иако патот не е асфалтиран, преку мостот е поврзана обработлива земјоделска површина […]

СДСМ: Мицкоски измислува нова глупост за „редефинирање на државата“


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најде нова тема за заплашување, овојпат тврдејќи дека до него стигнувале информации дека нема само да се внесуваат Бугарите во Уставот туку ќе се направи и целосно редефинирање на Македонија како држава за  да биде бинационална и со два народа, а сите други да бидат малцинство. Мицкоски посочи дека тоа се […]

Градоначалникот на Гази Баба и се заканува на Тренчевска со суд за одземената градинка


  „Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда“, вели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски. „Ваквата постапка е уште еден јасен доказ дека Министерството за труд и социјална политика води политички, […]