Италијанската влада одобри пакет помош за подрачјата погодени од поплавите


Италијанската влада денеска одобри пакет помош во вредност од над две милијарди евра за областите во регионот Емилија-Ромања погодени од поплавите, во кои загинаа 14 лица.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека пакетот вклучува мораториуми на даноците и социјалните придонеси за погодените домаќинства и компании, пренесува „Ројтерс“.

 

Мелони во неделата го посети поплавениот регион, по што за денеска свика итна седница на владата за да се одобрат мерките.