Вечерва почнува пролетта


Пролетта на Северната хемисфера почнува денеска во 22 часот и 24 минути. Оваа година пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 33 минути, односно до 21 јуни 2022 година во 16 часот и 57 минути, кога ќе започне летото. Во исто време, денеска на Јужната земјина полутопка почнува есента. Сонцето во Скопје денеска изгреа […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 20 март 2023 година,  79-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 386 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 38 минути, а ќе зајде во 17 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 7 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 5 часот и 17 минути, […]

Која е жената што Хаг ја стави на потерницата со Путин?


Меѓународниот кривичен суд  во Хаг издаде налог за апсење на претседателот Владимир Путин и Марија Лвова-Белова. Таа е клучна фигура во системот на депортација на украински деца во Русија. Лвова-Белова е претседателски омбудсман за правата на децата, а нејзината улога беше опишана пред неколку дена во извештајот на Лабораторијата за хуманитарни студии на Универзитетот Јеил […]

Ѓукановиќ води пред Милатовиќ на изборите во Црна Гора


Според првичните резултати од денешните претседателски избори во Црна Гора, најголем број гласови освоил досегашниот шеф на државата и кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ 37,2 отсто. На второ место е кандидатот на Движењето Европа сега Јаков Милатовиќ со 26,6 отсто, а трет е кандидатот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ со 19,8 отсто. Алекса Бечиќ од […]

Каде расте, а каде опаѓа поддршката за ЕУ на Балканот?


Во повеќето од државите во регионот мнозинството граѓани го поддржуваат членството во ЕУ. Во некои поддршката за ЕУ драстично опаѓа / Photo: ТРТ Балкан Каде во регионот има најголема, а каде најмала поддршка за Европската Унија? Колку ЕУ ги оправдала или ги изневерила очекувањата? До одговор на овие прашања може да се дојде со компаративна […]

Петрушевски тврди: Искусни медицински сестри изгубиле работа зошто ДУИ си вработил свои


ВМРО-ДПМНЕ обвини за ДУИ-зација на Куманово. Според пратеникот Бране Петрушевски, четири искусни медицински сестри биле набркани од работа само затоа што се Македонки. -Во Здравствениот дом во Куманово се распишал оглас за вработување на 10 медицински сестри на неопределено. Локалните СДС и ДУИ се договориле 6 вработувања да бидат нови од ДУИ, а 4 од […]

Во Црна Гора одзивот на изборите 43,76 отсто до 15 часот


Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до 15 часот на претседателските избори во Црна Гора гласале 43,76 отсто од гласачите, соопшти претседателот на ДИК, Никола Мугоша. Црна Гора денеска го избира својот претседател меѓу седуммина кандидати, а правото на глас граѓаните може да го остварат до 20 часот. Набљудувачите констатирале помали неправилности при гласањето […]

Две третини од граѓаните преферираат шалтер пред онлајн услуга


Две третини од граѓаните никогаш не користеле дигитална административна услуга, а близу 60 отсто повеќе сакаат услугите да ги добиваат на шалтер отколку онлајн, покажува последното истражување на јавното мислење кое за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања – Скопје. Анкетата на ИПИС е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз […]

(Галерија) Борел се прошета низ Охрид


Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ по долгите повеќечасовни разговори со српскиот и косовскиот лидер кои траеја цел ден и до доцна во ноќта, денес си даде одмор и прошета низ Охрид за да ужива во природните у културните убавини на градот.     

ДУИ прави култ на личност од Ахмети пред „битката“ во Чаир


Првиот вицепремиер и најблизок соработник на лидерот на ДУИ, Артан Груби, на својот Фејсбук профил го најави присуството на Али Ахмети на митингот закажан за утре во Чаир. Тој напиша дека сите чаирчани се на нозе и зборувале дека тој доаѓа и ќе оделе да го слушнат неговото обраќање. -Ми недостигаше ваква мобилизација и еуфорија […]

Вархеји: Посветеноста за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е храбар чекор кон ЕУ


 Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека посветеноста на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина покажува храброст и решителност на патот кон Европската унија. Вархеји на својот Твитер профил им честиташе на Белград и Приштина по завршувањето на вчерашниот дијалог во Охрид под покровителство на ЕУ. Тој напиша дека „ЕУ е подготвена […]

Марјан – Доказ префрлен во болницата „8 Септември“


Сопственикот на порталот „Доказ“, Марјан Стаменковски кој е во притвор во затворот во Шутка денеска е префрлен во Градската болница „8 Септември“ поради проблеми со срцето. Од затворот за „Фокус“ ја потврдуваат информацијата и велат дека тој задржан во болницата на понатамошно лекување. Ноќта во петокот спроти саботата, Стаменковски поради болки во градите со Брза […]

Спасовски на 80 години од формирањето на КПМ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес присуствуваше на одбележувањето на јубилејни 80 години од формирањето на Комунистичка партија на Македонија во Тетово, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ, а во организација на Општинската организација на Сојузот на борци од Тетово во соработка со Национална установа „Музеј на […]

Путин бил спонтано во Мариупол, Украина ја осудува посетата


Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денеска Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“. „Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, […]

Во Струмица се делат канти за селектирање отпад


 Општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, во рамки на проектот „Еко паметни општини“, денеска почна со делење втора канта на домаќинствата за селекција на отпад. Со доделување на 1.200 канти денеска беше опфатена населбата Карпош и сите улици на потегот од улицата „Браќа Миладинови“ до улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“, како и од Булевар „Климент Охридски“ до […]

Велески: Општеството е во депресија, треба да се вратиме на реалните вредности


Околу 50 отсто од проблемите и прашањата во психолошката ординација се за новите стресови, констатира клиничкиот психолог од прилепската болница Јован Велески. Живееме во тешки постковид времиња обременети со економска криза и изместени вредности. Се наметнува не само депресивност кај единката, граѓанинот, туку и на целото општество што се нарекува Eномија. Според Велески, новите генерации […]

Поголеми плати не значат и поголема инфлација, тврди Битиќи


  Природно е трендот на покачување на минималната плата да биде проследен со соодветно зголемување и на останатите плати, а нема апсолутно никаков простор за загриженост дека ваквото зголемување на минималната плата ќе ја забрза инфлаторната спирала, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.  Битиќи во […]

Фирма на братот на Груби добила од државата над милион денари


ВМРО-ДПМНЕ иЗлезе со нови обвинувања денес копи, според опозицијата, покажуваат дека вицепремиерот Артан Груби  е поврзан со  бизнисот на брат му со туристичка агенција. -Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата, каде Груби е прв вицепремиер, но и од Министерството за политички систем и […]

Вучиќ не потпишал за да не се сфати како признавање на Косово


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето до јавноста од зградата на Претседателството, по вчерашната рунда преговори со Косово во Охрид порача дека е важно Србија повеќе да не зависи само од добрата волја на Приштина, што е позитивен потег во преговорите, „но и од тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи“. По читањето […]

Берлин ќе го уапси Путин ако стапне во Германија


Германскиот министер за правда, Марко Бушман за весникот „Цајт“ изјави дека доколку рускиот претсеадтел стапне на германска територија, тие веднаш ќе го уапсат. -Очекувам дека Меѓународниот кривичен суд наскоро ќе стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-членки, и ќе побара од нив да ја спроведат (наредбата). Тогаш Германија ќе има обврска да го […]