Фирма на братот на Груби добила од државата над милион денари


ВМРО-ДПМНЕ иЗлезе со нови обвинувања денес копи, според опозицијата, покажуваат дека вицепремиерот Артан Груби  е поврзан со  бизнисот на брат му со туристичка агенција.

-Ова е документ преземен од отворени финансии преку кој може да се види дека од страна на Владата, каде Груби е прв вицепремиер, но и од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, каде Груби е министер, се исплаќале средства токму на ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, фирма во сопственост на неговиот брат.

Имено, во осум наврати институциите на држаата односно Владата, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и Министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година. Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над еден милион денари, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозицијата, скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја  манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства.

Патем  фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба,,а со  овие трансакции таа се надоместувала.

-Очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по метар квадратен во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги. Дали дојдоа времињата кога парите се цел на многумина, па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.