Вучиќ не потпишал за да не се сфати како признавање на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во обраќањето до јавноста од зградата на Претседателството, по вчерашната рунда преговори со Косово во Охрид порача дека е важно Србија повеќе да не зависи само од добрата волја на Приштина, што е позитивен потег во преговорите, „но и од тоа колку сме подготвени да направиме одредени работи“.
По читањето на целиот анекс на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, тој рече дека не го потпишал ниту договорот ниту анексот „пред се затоа што Србија е меѓународно правно признаена држава, за мене Косово не е тоа и не сакам да склучувам меѓународно правни договори со Република Косово “.
Тој посочи дека неговите изјави се значајни за државата и затоа недвосмислено зборува за црвените линии за Србија, кои се противење на признавањето на Косово и неговиот прием во ОН.
„Токму затоа не го потпишавме како што ЕУ го нарече договорот или анексот“, рече тој.
Тој посочи дека Србија е подготвена да работи на имплементацијата до своите црвени линии.