Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите – порака по повод Светскиот ден на детските театри 


Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите, да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село, да им овозможиме на децата квалитетен културен живот и да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности, вели во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, претседателката на […]

Најстудено во Берово, најтопло во Виница и во Крушево


Утрово е најстудено во Берово, -4 степени, додека максимални 4 степени се измерени во Виница и Крушево. Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -1 степен во Скопје-Петровец, Битола, Струмица, Демир Капија и Лазарополе, 0 во Маврови Анови, Крива Паланка, Гевгелија и Штип, 1 во Тетово и Прилеп, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид […]

Објавена е листата на најсреќните народи – Македонците се понесреќни од сите соседи


Финска е прогласена за земја со најсреќна популација шеста година по ред, според најновиот Светскиот извештај за среќа. Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од корона вирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп. Според извештајот, по среќните Финци следуваат […]

Во Белград, се трага по тројца исчезнати мажи во Дунав


Во саботата вечрта на Ада Хуја во Белград, дошло до превртување на чамец во кој имало четворица мажи. Еден успеал да се исплива, па пренесен е во болница, додека по тројцата се трага. Потрагата уште трае. Шефот на полициското одделение за безбедност на реките за РТС вели дека во потрагата се ангажирани повеќе служби. Пронајден […]

Дали Полска може да влезе во војна?


Амбасадорот на Полска во Франција, Јан Емерик Рошчишевски, изјави дека може да дојде до ситуација во која Полска ќе мора да влезе во војна. „Не се НАТО, Полска или Словачка оние кои вршат зголемен притисок, туку Русија ја нападна Украина. Русија ги краде нејзините територии. Русија го убива сопствениот народ. Русија киднапира украински деца“, рече […]

(Видео) Нова драма над Црното Море: Су-27 се обиде да урне „бајрактар“ ​​


Турските медиуми објавија снимка за која тврдат дека покажуваат како Су-27 на руските воздухопловни сили се обидува да собори украинско беспилотно летало „бајракатар ТБ2“. Видеото е објавено пет дена откако два Су-27 го соборија американскиот воздухоплов MQ-9 Reaper во водите на Црното Море. Турските медиуми тврдат дека овој инцидент се случил и над водите на […]

Објавена голема прогноза за пролетта – Балканот го чека невреме


Метеоролозите на AccuWeather објавија голема пролетна прогноза за Европа. Како што пишуваат, некои земји ќе забележат продолжен зимски период, додека други ќе мора да се справат со потенцијално опасно време подоцна во пролетта. Температурите низ Обединетото кралство се очекува да се доближат до историските просеци до крајот на април, но прогнозерите на AccuWeather велат дека […]

Се удави познатиот австралиски актер Питер Харди, последното селфи го испратил од плажа


Австралија– Познатиот австралиски актер Питер Харди (66) е идентификуван како човекот кој се удавил на плажа во Западна Австралија. Харди беше најпознат по улогите во филмовите „Chooper“ и „Соседи“. Неговото тело било извлечено од водата на Саут Бич во Фремантл околу 10 часот , објавија локалните медиуми. Случајните минувачи се обидувале да го реанимираат додека […]

Во посета на Собранието млади пратеници од Парламентот на Босна и Херцеговина


Во посета на Собранието денеска ќе бидат група млади пратеници од Парламентот на Босна и Херцеговина.  Босанските пратеници ќе се сретнат со претседателот на Собранието Талат Џафери, а потоа ќе имаат средба со членовите на Клубот за младински прашања и политики. 

Одбележување на Светскиот ден на поезијата на археолошкиот локалитет Билазора


Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет. – На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети – членови […]

Без струја делови од Илинден, Козле, Тафталиџе и Пржино


Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населбите Илинден, Козле, Тафталиџе и два објекти во Пржино, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според информациите добиени од „ЕВН Македонија“, во периодот од 8 до 16 часот без струја ќе бидат корисниците од дел […]

Во Лондон меѓународна конференција за воени злосторства во Украина


Англија – Министрите за правда од целиот свет ќе се сретнат денеска во Лондон за да разговараат за зголемување на поддршката за Меѓународниот кривичен суд (МКС) откако минатата недела издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.   МКС го обвини Путин за воено злосторство за незаконско депортирање стотици деца од Украина. Москва ги отфрла […]

Објавен Зборник во чест на академик Митко Маџунков


Објавен е Зборник во чест на академик Митко Маџунков од проф. д-р Димка Митева, по повод 80 години од неговото раѓање. Тој е во дигитална форма и содржи неколку трудови посветени на делото на Маџунков: Речник на изрази во романот „Правта на библиотеките“, Фреквентен речник на зборовните форми во „Правта на библиотеките“ и други. Во четвртиот дел од […]

Половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз


Деновиве одбележуваме голем јубилеј за македонистиката и за македонската држава – половина век од отворањето на Лекторатот по македонски јазик во Париз, Франција. Со него, пред 50 години почна натамошното засилено присуство на македонскиот јазик, литература и култура во наставата на странските високообразовни институции. Лекторатот на престижниот Национален институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) […]

Костадиновска-Стојчевска: Буџетот за култура да се уреди со закон


Буџетот за култура треба да е уреден со закон за да не се крати за културните проекти. Кратењето на буџетот е заради обезбедување на платите на културните работници согласно Колективниот договор што изнесува 51,3 отсто, и е заслужено бидејќи 15 години се бореа за своите права, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.  Во гостувањето во […]

ПСЖ нуди 180 милиони евра за Грузиецот Кварачхелија


Франција – Раководството на ПСЖ е подготвено да му понуди на италијанскиот прволигаш Наполи дури 180 милиони евра за услугите на грузискиот репрезентативец Квича Кваралчхелија, објави денеска весникот „Кориере дело Спорт“. Кварачхелија (22) лани дојде во Наполи од грузискиот прволигаш Динамо Батуми за 11.5 милиони евра и во својата прва сезона во Серија А досега […]

Дроновите голема безбедносна закана за ОИ 2024 во Париз


Франција– Напад извршен за време на Олимписките игри 2024 во Париз со беспилотни летала, кои сега се во центарот на вниманието и интегрирани во терористичкиот арсенал, се сценарио што сериозно го земаат предвид француските власти, ветувајќи одбранбен систем „без конкуренција“. „Тоа навистина сериозно го сфаќаме и работиме на тоа сценарио веќе подолго време“, изјави висок претставник вклучен во организацијата на ОИ […]

Хуманитарен настан на Црвниот крст за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија


По повод 78 години од своето формирање, Црвениот крст денеска во хотелот „Холидеј ин“ организира настан посветен на хуманоста и солидарноста за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. На настанот е предвидено обраќање на премиерот Димитар Ковачевски, на турскиот амбасадор во нашата држава Хасан Мехмет Секизќок, како и на генералниот секретар на Црвениот […]

Собранието треба да расправа за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија


Во Собранието денеска ќе продолжи 106. седница на која на дневен ред е Предлог за избор на судија на Уставниот суд. За нов уставен судија е предложена Елизабета Дуковска. На дневен ред на седницата се и избор на член на Државниот совет за престапништво, ратификација на измените и дополнувањата на Договорот за слободна трговија со […]

Времето сончево и релативно топло, температура до 21 степен


Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 21 степен. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 19 степени. Утре ќе има зголемена облачност […]